Кога Карен Касмауски, фотограф за „National Geographic“ го посети сирискиот камп за бегалци во Јордан, таа очекувала да види она што постојано е прикажано на вестите - хаос, страв и траума. После се`, милиони Сиријци беа принудени да ги напуштат нивните домови поради граѓанската војна во Сирија, а половина од бегалците се деца или тинејџери. Но, и покрај ужасните и страшни околности во кампот за бегалци Азрак, Касмауски исто така забележала надеж. Во центарот на оваа надеж беше група на млади ученици кои таа ги запознала, од кои сите барале образование. Затоа, таа решила да го овековечи моментот.