Сите ние некогаш сме добиле брилијантна идеја за производ која би ни го олеснила животот доколку би можела да биде претворена во реалност. Со таа мисија на ум, британскиот уметник и дизајнер Доминик Вилкокс, самиот ексцентричен иноватор, побарал од над 450 деца да нацртаат идеи за изуми. Од 600 цртежи биле одбрани 60 кои им биле дадени на локалните дизајнери, кои ги претвориле цртежите во вистински, понекогаш и функционални, предмети.