„Биди како Бил/Пеце/Дарко“ е меме кое кружи насекаде низ интернетот, воодушевувајќи едни, а нервирајќи други луѓе. Создавачот на ова меме е Еугениј Кроитору од Молдавија кој живее во Милано, а себеси се нарекува интернет претприемач. „Бил е многу подобар од мене. Идејата е многу едноставна. Бил може да биде секој кој е паметен и кој има здрав разум и секако, не прави досадни работи и работи кои ги нервираат другите луѓе. Исто така, ќе забележите дека Бил може да е некој кој се исмева самиот себеси и секако другите“.