Доколку некогаш одите во Ел Алто, Боливија, прошетајте по улиците и чекајте да наидете на некоја интересна разнобојна зграда. Таа сигурно е инспирирана од новиот боливиски архитектонски стил, кој започна по изборот на претседателот Ево Моралес Ајма во 2006 година, кога националната гордост станала побитна од кога било претходно. Архитектот кој го започнал стилот е Фреди Мамани Силвестре.