После излегувањето на филмскиот хит „Jurassic World“, диносаурусите се повторно популарни. На вестите често можеме да слушниме за новите откритија и наоѓање на фосили, меѓутоа нивната визуелизација не може да се мери со филмското доживување на овие изумрени видови кои некогаш владееле со Земјата. Благодарение на филмската продукција изгледот на диносаурусите е доста променет, а во реалност тие изгледале сосема различно - нивните тела биле покриени со пердуви, некои од нив биле значително помали, додека некои достигнувале огромна големина. Овие неколку диносауруси добија најголема трансформација во филмот во однос на некогашната реалност.