За многумина Јапонија отсекогаш живеела во иднината со своите напредни технолошки изуми, необични дизајни и уникатни навики и вкусови на жителите. Какви биле тие во изминатиот век? Поточно, помеѓу 1930-те и 1960-те години? Накратко, тие веќе тогаш размислувале многу за иднината на својот остров. Иднината ја замислувале без војни и, очекувано, со многу роботи и напредни изуми. За визијата на Јапонците од изминатиот век ќе ви стане појасно откако ќе ги разгледате нивните скици.