Патничките гарнитури ќе бидат со вкупен капацитет од околу 1.200 патници (секоја гарнитура од околу 200 патници), ќе ги исполнуваат највисоките европски стандарди за превоз на патници, како во поглед на техничките карактеристики, така и во поглед на задоволување на стандардите за квалитетен превоз на патниците. Истите ќе бидат целосно климатизирани, опремени со вакум тоалети, енергетски ефикасни и ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди како и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност односно ќе бидат произведени согласно техничките стандарди за интероперабилност на Европската Унија.