Најголемиот патнички брод во светот, „Harmony of the Seas“ започна со првото тест пловење покрај западниот брег на Франција. Бродот е долг 362 метри (92 сантиметри повеќе од легендарниот „Титаник“), висок 70 метри (колку една зграда од 20 спрата, ако не и повеќе) и тежи 120.000 тони, што е рекорд меѓу патничките бродови.