Битола од вчера започнува да дише во ритамот на филмот, а причина за тоа е 37-то издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Фестивалот беше отворен со енергичниот настап насловен „Циклусот на животот“, во режија на Мартин Кочовски.