Со парада на плоштадот Македонија кон улицата „Македонија“, во петокот започна Баскерфест. Парадата беше проследена со Градскиот дувачки оркестар и девојките од танцовиот клуб „Еурека“. На овој начин изведувачите ги поканија скопјани да излезат на улиците и да уживаат во сето она што го нуди Баскерфест. Фестивалот нуди доста интересни и возбудливи настани, а ќе трае до 25 јуни.