Нејзиното име е Мелани Гајдос, и таа е храбрата девојка која се соочи со модната индустрија и ја освои. Американката Мелани има 28 години и се бори со генетско нарушување наречено ектодермална дисплазија, од која боледува уште откако се родила. Ова ретко генетско нарушување спречува развивање на забите, ноктите, порите, 'рскавицата и коските. И покрај тоа што била стигматизирана целиот нејзин живот од нејзиниот изглед, таа одлучила дека болеста нема да ја ограничи, па пред 4 години стана модел.