Организацијата „Social Progress Imperative“ ги објави земјите со највисок квалитет на живот. Скандинавските нации постигнаа високо ниво во „Индексот на социјален напредок“, но повеќе изненадува фактот што големите држави се најдоа на ниско место на листата - ова укажува дека силниот БДП по глава на жител не е единствениот мерач за висок стандард на живеење. И покрај тоа, сите 19 земји се развиени нации. Ова докажува дека силната економија има огромно влијание врз една нација.