И покрај тоа што е една од најпознатите жени во Америка, Хилари Клинтон останува енигма за многу луѓе. Во текот на нејзината кариера која трае со децении, таа била студентски активист, Прва дама на Арканзас а потоа и на Америка, американски сенатор, државен секретар и првата жена кандидат за претседател.