Заградениот град Каулон некогаш бил најгусто населениот кварт во светот. Во тој кварт живееле 33.000 луѓе, а имало 1.000 канцеларии, сите сместени во зградите високи 14 катови. Фотографот Грег Џирард, кој живеел во Хонг Конг во средина на 1980-те, го забележувал животот во овој кварт. Набрзо откако Хонг Конг станал дел од Кина повторно, владата ги отселила сите жители и го срушила квартот. Изминатата година се одбележи 20-годишнина од уништувањето на квартот. Годинава беше објавена книга со фотографии од животот во квартот направени од повеќе фотографи.