„The Revenant“ е апсолутниот победник на синоќешното 73-то доделување на Златен Глобус, додека Леонардо ди Каприо е прогласен за најдобриот актер. Манифестацијата водена од Рики Џервејс синоќа го прогласи „The Revenant“ за најдобра драма, а освен на Леонардо ди Каприо, му донесе Златен глобус и на Алехандро Гонзалес Ињариту за режија на истиот филм. Режисерот втора година по ред ја освојува наградата за најдобар режисер, откако минатата година ја освои наградата со филмот „Birdman“.