Врз основа на член 22 став (8) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија, бр. 27/14 и бр. 199/14), a во согласност со член 22 став (1) алинеја 1, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија, бр. 62/05, 1 06/08, 1 61 /08, 1 1 4/09, 1 30/09, 50/1 0, 52/1 0, 1 24/1 0, 47/1 1 1 1 /1 2, 39/1 2, 1 3/1 3, 25/1 3, 1 70/1 3, 1 87/1 3, 1 13/14, 20/15, 33/15, 72/15, 1 29/15, 167/15, 27/2016 и 120/2018) Министерството за економија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 1 (еден) посебен советник во кабинетот на Министерот за економија на определено време
1. Посебен советник за инвестиции (1) извршител;
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните:
Општи услови:
-да се државјани на Република Македонија
да имаат општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Кандидатите, покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е да имаат:
-завршено најмалку високо образование VII/1 степен или најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС од областа на Општествените науки,
работно искуство во струката од минимум 5 години
Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.
Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар:
1 Доказ за државјанство на Република Македонија,
2. Доказ за општа здравствена способност за работното место,
3. Доказ дека со правосилна судска пресуда не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
4. Уверение/диплома за завршен степен на образование
5. Доказ за работно искуство
6. Кратка биографија со задолжително наведен контакт телефон и адреса
7. Писмо за мотивација
Распоред на работно време: работни часови во неделата: 40, работно време со почеток од 07:30 до 08:30 часот и крај на работно време од 1 5:30 до 1 6:30 часот, работни денови: од понеделник до петок.
Паричниот износ на основната нето плата изнесува 36. 863 денари.
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време.
Вработувањето на посебниот советникот трае најдолго до истекот на мандатот на министерот за економија.
Рокот за доставување на потребната документација е три (3) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневните весници, односно најдоцна до 05. 11. 2018 година до 16:30 часот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Доколку на јавниот оглас се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Пријавите со потребните документи треба да се достават во затворен плик во писарницата на Министерството за економија, ул. Јуриј Гагарин" бр. 1 5, 1 000 Скопје, со назнака „за огласот за посебен советник во Министерство за економија.
Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Министерството за економија најдоцна до денот на завршување на рокот за јавниот оглас.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
Лице за контакт:
Фатмире Хоџадржавен советник за управување со човечки ресурси и правни работи
Тел. 02/3093 462; моб: 071 236 592