Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи Сл. весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 16/10, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014,
20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/15, 27/16 и 120/18), член 3 и член 20г од Законот за вработените во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18), член 77а и 776 од Закон за културата
(„Сл. весник на РМ "бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18, и одредбите од Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во
јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република
Македонија" бр. 34/15), и известувањето од Министерство за финансии за обезбедени финансиски средства број 184864/2 од 19. 06. 2019 година, Националната установа Македонски народен театар" Скопје објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
Број 2/2019
1. Националната установа „Македонски народен театар" Скопје има потреба од вработување на 20 (дваесет)
помошно технички лица и 1(едно) лице, давател на јавни услуги во културата, на неопределено време за
следните работни места:
1. 1 (едно) лице на работно место Шминкер, шифра КУЈ1 04 05 Б01 006
Посебни услови: степен и вид на образование, Средно стручно образование, уметничко или поседување
сертификат за шминкер. Согласно годишниот план за вработување на установата за 2019 година, за вработување
на 1(едно) лице за работно место шминкер е предвидено за Албанец/ка.
2. 1 (едно) лице на работно место Портир, шифра КУЈ1 04 01 Б02 002
Посебни услови: степен и вид на образование, Средно образование.
Лиценца за обезбедување лица и имоти.
Согласно годишниот план за вработување на установата за 2019 година, за вработување на едно (1) лице,
за работно место Портир е предвидено за Турчин/ка.
3. 1(едно) лице на работно место Тон оператор, шифра КУЈ1 04 05 A01 005
Посебни услови: степен и вид на образование, Средно стручно образование или општо образование.
4. 2(две) лице на работно место Светло мајстор, шифра КУЈТ 04 05 A01 002
Посебни услови: степен и вид на образование, Средно стручно образование електротехничка и машинска
струка. Согласно годишниот план за вработување на установата за 2019 година, за вработување на едно(1)
лице, за работно место светло мајстор е предвидено за лице во група на друга националност.
5. 9(девет) лица на работно место Декоратер, шифра КУЈТ 04 01 А03 006
Посебни услови: степен и вид на образование, најмалку основно образование. Согласно годишниот план за
вработување на установата за 2019 година, за вработување на 5(пет) лица за работно место декоратер е предвидено
за Албанец/ка, a за вработување на 2(две) лица за работно место декоратер е предвидено за Ром/ка.
6. 2(две) лица на работно место Гардеробер за прием на посетители, шифра КУЛ 04 01 Б01 001
Посебни услови: степен и вид на образование, Средно образование. Согласно годишниот план за вработување
на установата за 2019 година, за вработување на 2(две) лица, за работно место гардеробер за прием на посетители
е предвидено за Албанец/ка.
7. 1(едно лице) на работно место Шивач шифра КУЛ 04 05 Б01 003
Посебни услови: степен и вид на образование, средно стручно образование, или поседување сертификат за
шивач. Согласно годишниот план за вработување на установата за 2019 година, за вработување на 1(едно) лице,
за работно место шивач е предвидено за Албанец/ка
8. 1(едно) лице на работно место Кројач шифра КУЛ 04 05 Б01 002
Посебни услови степен и вид на образование, средно стручно образование или поседување сертификат за
кројач. Согласно годишниот план за вработување на установата, за вработување на 1(едно) лице, на работно
место кројач, е предвидено за Албанец/ка.
9. 1(едно лице) на работно место Оператор за проекција шифра КУЛ 04 05 A01 009
Посебни услови: степен и вид на образование средно електротехничко/ машинско општо тригодишно или
четиригодишно образование
Согласно годишниот план за вработување на установата за 20 1 9
година, за вработување на едно лице на работно
место оператор за проекции е предвидено за Бошњак/чка.
10. 1 (едно лице) на работно место Инспициент шифра КУЛ 03 04 Г03 003
Посебни услови: средно образование, или високо образование со најмалку 240 кредити според ЕКТС или
завршен степен електротехнички науки или машински науки. За ова работно место е предвидено минимум една
година работно искуство.
11. 1 (едно лице) на работно место Електричар шифра КУЛ 04 0 1 А0 1 00 1
Посебни услови средно стручно образование електротехничка струка. Согласно планот за вработување на
установата за 2019 година, за вработување на едно лице на работно место електричар, е предвидено за Албанец/ка.
Работните места се предвидени за со и без работно искуство.
12. Кандидатот за работно место треба да ги исполнува општите услови:
Да е државјанин на Република Македонија,
Активно да го користи македонскиот јазик,
Да е полнолетен,
Да има општа здравствена способност за работното место и
Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или
должност.
13. Распоред на работното време: Дневното работно време за огласените работни места е во траење од осум
часа дневно (односно согласно програмски потреби за проби и претстави, двократно), односно 40 часа неделно.
За работното место Портир, работното време се организира во три смени и тоа: прва смена: од 07. 00 до
15.00, втора смена: од 15. 00 до 23. 00, трета смена: од 23. 00 до 07. 00
14. Основна нето плата:
1. 20. 557, 00 денари Шминкер
2. 17. 524, 00 денари Портир
3. 22. 492, 00 денари Тон оператор
4. 23. 828, 00 денари Светло мајстор
5. 21. 147, 00 денари Декоратер
6. 14. 532, 00 денари Гардеробер за прием на посетители
7. 20. 025, 00 денари Шивач
8. 20. 025, 00 денари Кројач
9. 22. 049, 00 денари Оператор за проекција
10. 27. 034, 00 денари Инспициент
11. 20. 147, 00 денари Електричар
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5
(пет) работни дена, за работните
места број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 11, додека за работно место број 10, рокот изнесува 15(петнаесет) работни дена,
сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавување на огласот).
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на Националната установа Македонски народен театар"
Скопје Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатите
заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и
посебните услови:
Уверение за државјанство;
Уверение за општа здравствена способност за работното место
Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија,
дејност или должност;
Доказ Диплома/Уверение за завршено образование
Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават до архивата на Националната
установа „Македонски народен театар" Скопје, секој работен ден од 8, 30 до 16, 30 часот или по пошта на следната
адреса: ул. 1 1ти Март бр. З Скопје (со назнака за „јавен оглас број 2/2019"
Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.
Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална
форма или копија заверена на нотар.
Ненавремените пријави и документацијата нема да се разгледуваат. По истекот на рокот за пријавување
огласот ќе биде отстранет од интернет страната на НУ „Македонски народен театар" Скопје.
Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе Комисија формирана за спроведување
на постапка за вработување. Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување
на интервјуто.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работни односи.
НУ Македонски народен театар Скопје