Вработување

МОН бара наставник по македонски јазик за работа во Германија

МОН бара наставник по македонски јазик за работа во Германија

02.07.2019
Врз основа на член 7 став 1 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија" број 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17и 64/1 8) и член 3 од Правилникот за начин и постапка за избор на наставници кои изведуваат настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство број 101517/1 од 9. 4. 2010 година, број 116938/1 од 16. 11. 2012 годинаиброј 2017716/1 од 19. 11. 2015 година, Министерството за образование и наука објавува

КОНКУРС
За избор на наставник за реализирање на дополнителна настава за
основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на
Република Северна Македонија кои престојуваат во странство

1. Ce објавува Конкурс за избор на наставник за реализирање на дополнителна настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странство за следата држава:

Република Германија (македонски наставен јазик)
- Еден (1) наставникво Равенсбург, Фридрихсхафен, Нов Улм, Лаупхајм, Минхен и околината (македонски наставен јазик),

1. 1. Наставата ќе се изведува на следниот јазик:
Република Германија - еден наставник на македонски наставен јазик,

2. Заинтересираните кандидати потребно е да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено високо образование за одделенски наставник, педагог, или наставник по македонски јазик;
- Да имаат работен стаж од најмалку пет години во основно училиште;
- Да го познава јазикот на државата за која конкурира;
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

Времетраењето на ангажирањето на наставникот трае четири учебни години.

Проверка на познавање на јазикот на државата за која конкурира пријавениот кандидат го врши Министерството за образование и наука.

Избраниот наставник, во рок од 15 дена од денот на склучувањето на договорот за работа, има обврска да оствари личен контакт со одговорното лице во Агенцијата за иселеништво и да остави свои контакт податоци.

3. Потребни документи:
- Молба;
- Диплома за завршено високо образование или Уверение за завршено високо образование од каде ќе може да се утврди просекот;
- Кратка биографија;
- Потврда за работен стаж во основно училиште;
- Уверение за познавање на јазикот на земјата за која конкурираат;
- Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

Министерството за образование и наука, по службен пат, согласно потпишаните договори за соработка, ќе обезбеди уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

4. Дневно работно време на наставникот:
- 8 часа во зависност од организацијата на воспитнообразовната работа на наставникот,

4. 1. Неделно работно време на наставникот:
- најмалку 5 (пет) дена во неделата.

4. 2. Основен надоместок за работа во странство на наставникот изнесува:

Република Германија 1.740 ЕУР.

Документите се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот во архивата на Министерството за образование и наука, ул. „Кирил и Методиј" бр. 54, 1000 Скопје, со назнака „Конкурс за наставник во странство"

Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар.

5. Изборот на кандидатите го врши Комисијата формирана со решение на Министерот за образование и наука во рок од 30 дена од денот на завршувањето на Конкурсот.

Некомплетните и ненавремено досгавени документи нема да бидат разшедувани.

Останати Вработување