EВН Македонија и нејзините друштва вршат дејности од областа на дистрибуција, снабдување и производство на електрична енергија. На македонскиот пазар компанијата е присутна над 15 години како дел од групацијата ЕВН АГ Австрија и претставува доверлив работодавач за своите вработени кој нуди конкурентни услови на пазарот на труд и различни можности за развој. Цел на ЕВН е одржување на висока професионалност и континуиран квалитет на услугите за своите корисници.
КАРИЕРА ВО ЕВН МАКЕДОНИЈА
Доколку имате желба да бидете дел од голем и успешен тим, да ги реализирате своите амбиции и остварите професионален развој во меѓународна групација, како и да придонесувате кон остварување на растот и развојот на една од најуспешните компании, аплицирајте за
Специјалист за човечки ресурси (М/Ж)
КОГО бараме?
Кандидати со универзитетско образование,
Релевантно работно искуство од најмалку 3 години,
Одлично познавање на процеси, алатки и методологии за регрутација, селекција и развој на вработени,
Искуство во различни HR функции,
Познавање на закон за работни односи,
Одлично познавање на Англиски јазик (писмено и усмено),
Исполнителност,
Иницијативност,
Високи аналитички способности,
Одлични комуникациски вештини и способност за тимска работа.
ШТО нудиме?
Работа на интересни проекти и работни задачи, во рамки на кои ќе ги развиете вашите професионални вештини и знаење,
Овозможуваме предуслови за развој на Вашиот потенцијал на професионално поле,
Осигуруваме позитивна работна средина и баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот,
Флексибилно работно време,
Канцеларии во централно градско подрачје,
Компетитивна плата согласно работно искуство,
Можноста за работа од дома 1 ден во неделата.
КАКО да аплицирате?
Доколку сте заинтересирани за кариера во EВН Македонија, на
jobs@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 16.12.2022.
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат , обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот линк
https://www.evn.mk/Careers.aspx .
EВН Македонија е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на
нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.
Откријте го светот на ЕВН и искористете ја можноста за одличен развој на Вашата кариера!