Врз основа на член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија брЛ 67/15 -пречистен текст и 27/16) и член 22 од Законот за вработени во јавен сектор Службен весникна Република Македонија" бр. 27/14, 1 99/1 4 и 27/1 6) Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул. „Даме Груев" број 14, во Скопје, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на работници на определено време до 31.12.2018 година во Јавното претпријатие за државни патишта за следните работни места
1. Советник за човечки ресурси и општи работи во Oдделението за човечки ресурси и општи работи во Секторот за правни работи, човечки ресурси и општи работи 1 (еден) извршител, со исполнување
на следните посебни услови:
- Најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
- Активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
- Работно искуство најмалку три години работно искуство во струката
- Работното време е распоредено во една смена и трае 8 часа дневно
- Дневното работно време од 08, 00/8. 30 часот до 16. 00/16. 30 часот
- Работа во работни денови од понеделник до петок
- Неделното работно време изнесува 40 часа
- Основната плата изнесува 33.540, 00 денари
Покрај гореневедените посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното претпријатие за државни патишта бр. 0211513/1 од 29. 1 1. 2017 годинаиброј 024102/1 од 02. 04. 2018 година, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници согласно Законот за работните односи.
Кон пријавата заинтересираните кандидати треба дадостават:
- Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
- Уверение / диплома за завршен степен на образование,
- Уверение за државјанство
- Потврда/Доказ заработно искуство
- Потврда/Доказ за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
- Потврда/Доказ за активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
Доказите за исполнување наусловите треба да бидат во оригинална форма или копија заверена кај нотар.
Вработувањето ќе биде на определено време, до 31.12.2018година.
Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена, од денот на објавувањето на огласот во дневен печат. Ненавремените пријави нема да се разгледуваат.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45, 90 или 1 20 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пристигнатите пријави.
Лице за контакт Албана Бајрами.
Контакт телефон 02/3 118044.
1 Инкасант за наплата на патарина, во Одделението за наплата на патарина и контрола, во Секторот за одржување, заштита на патишта и наплата на патарина14 (четиринаесет) извршители, со исполнување на следните посебни услови:
- Средна стручна спрема - најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование
- Работно искуство - со или без работно искуство во струката
- Работното време е распоредено во две смени и трае 12 часа
- Дневното работно време од 07, 00 часот до 19, 00 часот и од 19, 00 до 07, 00 часот
- Работа на празник и работа ноќе
- Неделното работно време изнесува 40 часа
- Основната плата изнесува 1 9.760, 00 денари
Покрај гореневедените посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното претпријатие за државни патишта бр. 0211513/1 од 29. 1 1. 2017 годинаиброј 024102/1 од 02. 04. 2018 година, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници согласно Законот за работните односи.
Кон пријавата заинтересираните кандидати треба да достават:
- Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
- Уверение / диплома за завршен степен на образование,
- уверение за државјанство.
Доказите за исполнување наусловите треба да бидат во оригинална форма или копија заверена кај нотар.
Вработувањето ќе биде на определено време, до 31.12.2018година.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена, од денот на објавувањето на огласот во дневен печат.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45, 90 или 1 20 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пристигнатите пријави.
Лице за контакт Виолета Глигуровска.
Контакт телефон 02/311 8044.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат за вработување со доставување на пријава за вработување со контакт податоци и документи/докази за исполнување на условите за вработување на адреса
на Јавното претпријатие: ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ул. „Даме Груев" бр. 14 1000 Скопје или во писарницата на Јавното претпријатие за државни патишта, со назнака „за јавен оглас за пријавување на кандидати за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта"
Постапката за избор на кандидатите ќе ја спроведе Комисија формирана од страна на Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта. По завршување на постапката, за извршениот избор секој кандидат ќе биде писмено известен.
Јавно претпријатие за државни патишта