ЗЕГИН ГРУПАЦИЈА е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Нашата мисија е да се понуди широк спектар на производи од разни области во медицината преку лекови, додатоци на исхрана, производи за бебиња, па се до козметички препарати по најприфатливи, достапнии ниски цени.
Нашата цел е да им се понуди на пациентите стручна помош и постојана достапност преку совети за нивното здравје. Ние сакаме да бидеме Ваши пријатели!
Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:
Дипломиран фармацевт / Фармацевтски техничар
Потребни квалификации:
• ВСС - Фармацевт
• ССС – Фармацевтски техничар
• Претходно работно искуство во аптека ќе се смета како предност
• Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office
Посакувани карактеристики:
• Способност за брзо учење,
• Развиени комуникациски вештини,
• Стручност и елоквентост,
• Диманичност и креативност,
• Организираност, самоиницијативност.
Што нудиме:
• Високи месечни примања + бонуси во согласност со постигнатите резултати.
• Можност за професионален развој и надоградба,
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака
Дипломиран фармацевт или Фармацевтски техничар на
kariera@zegin.com.mk. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.