Препорачани огласи

IP Home & Office вработува хардверски/embedded software инженер

IP Home & Office вработува хардверски/embedded software инженер

04.01.2021
IP Home & Office вработува хардверски/embedded software инженер за развој и имплементација на софтвер за IoT уреди и решенија.

За оваа позиција неопходни се следните квалификации:
- солидно познавање и искуство со програмски јазик C/C++
- солидно познавање на Англиски јазик
- диплома од електротехнички факултет или факултет за информатички науки
- познавање на протоколи и TCP/IP stack
- познавање на SQL датабази

Предност имаат кандидати со следните квалификации:
- практично искуство со развој на софтвер кој комуницира со API и датабази
- практично искуство со развој на софтвер кој применува SSL комуникација
- практично искуство со развој и тестирање на embedded software
- познавање на интерфејси за комуникација со периферен хардвер
- способност за читање на шеми и документации за електронски компоненти

Активности во склоп на работната позиција:
- Дизајн и имплементација на софтвер за IoT уреди и сензори
- Дизајн, развој, имплементација, тестирање и дебагирање на embedded software
- Code review
- Интеграција на нови производи (уреди)
- Активно учество при процесот на дизајн и развој на нови хардверски решенија
- Анализа на third party и open source software

Заинтересираните кандидати да испратат CV на careers@iphome.biz.
Кандидатите кои имаат практично искуство со имплементација на софтвер во C/C++ може да испратат и опис на дел од проектите и во куси црти да го наведат нивниот допринос при имплементација на софтверот.

Останати Препорачани огласи