Живот

Решете ја оваа загатка: Како возачот ја сменил гумата?

Решете ја оваа загатка: Како возачот ја сменил гумата?

активен до31.12.2099
05.01.2021
При возење низ мало село на еден возач му пукнала гумата, а во обид да ја промени и да стави резервна, случајно ги испуштил четирите шрафа во решетката за канализација на патот.

Се обидел да ги извлече, но безуспешно. Си помислил дека ќе помине часови тука, но едно дете што поминало покрај него му помогнало да го реши проблемот.

Советот што му го дало детето му помогнал да ја стави новата гума, но без шрафовите што паднале во канализацијата, па заминал до најблискиот сервис.

Каков совет му дало детето?

Одговорот е едноставен и можете да го прочитате подолу.

dete

Детето му рекло на човекот да отстрани по еден шраф на сите три тркала и така да ја зацврсти новата гума.

Извор: B92.net
Фото: Pixabay

Останати Живот