Препорачани огласи

Вработување во Синцеритас на позиција Менаџер на оддел за информатичка технологија

Вработување во Синцеритас на позиција Менаџер на оддел за информатичка технологија

05.08.2019
Синцеритас ДОО е нова интернационална компанија за производство на медицински канабис во Македонија. Компанијата нуди одлични услови за работа за своите вработени и можност за постојана професионална надоградба. Во моментов бараме искусен кандидат за позицијата

Менаџер на оддел за информатичка технологија

Менаџерот на одделот за информатичка технологија е одговорен за имплементација и контрола на сите IT операции во компанијата. Идеалниот кандидат за оваа позиција е ориентиран кон резултати и е само-иницијативен. Ова лице работи успешно во динамична околина и одлично и со позитивен став ги решава проблемите поврзани со информатичката технологија.  
 
Одговорности:

•    Целосно спроведување, поддршка и контрола на IT операции и инфраструктура.
•    Решавање на широк спектар на технички прашања од десктоп компјутерите до поголеми деловни системи
•    Следење на IT операции и подготовка на извештаи за поврзани со IT операции за генерален и оперативен менаџер.  
•    Спроведување, поддршка и контрола на развој и одржување на процесите за IT технологија и сите процеси на ITIL
•    Да дејствува како технички ресурс и целокупна IT поддршка.
•    Други одговорности поврзани со IT процедури, во согласност со квалификациите на кандидатот.

Спецификација:

•    Факултетска диплома по информатичка технологија
•    Најмалку 5 години релевантно работно искуство
•    Искуство со проекти кои вклучуваат мулти-дисциплинарни тимови кои работат во динамична и иновативна средина
•    Одлични комуникациски способности
•    Докажана способност за тимска работа
•    Познавање на оперативните системи на Windows и Mac
•    Силни аналитички и технички вештини и вештини за решавање на проблеми
•    Напредно искуство во компјутерското снимање и пакување и распоредување на софтвер
•    Напредно познавање и искуство со Office365
•    Напредно знаење и искуство на технологии за виртуелизација, како што се VMware и Azurе
•    Напредно знаење и искуство со Windows Server 2016
•    Искуство со Active Directory, вклучувајќи администрација на корисници и заштита.
•    Искуство со мрежно поврзување, искуство и напредно познавање од LAN администрација
•    Искуство со конфигурација и администрација на CCTV камери
•    Искуство со NAS и други резервни технологии
•    Искуство со VBA
•    Способност за истражување, оценување, иницирање на задачи и препорачување на нови производи, услуги, алатки, технологии и опрема
•    Детално разбирање на деловниот процес и примена на технологијата

Аплицирајте доколку сте:
•    Само-иницијативни и имате одлични вештини за самоуправување
•    Ориентирани кон изнаоѓање решенија
•    Ориентирани кон остварување цели

Локација: Скопје (Центар) 

Доколку имате соодветни квалификации и искуство и сакате да станете дел од тимот на Синцеритас, можете да аплицирате со праќање на CV (на англиски јазик) на hr@sinceritas.eu.
За дополнителни прашања ве молиме јавете се на 070 218 002.













Останати Препорачани огласи