Оглас за прием на работно место Директор на филијала Струга и Директор на филијала Охрид (2 работни места)
Директорот на Филијалата, како претставник на Банката во локалната заедница за примарна цел има обезбедување високо ниво на услуга и соработка со клиентите. Во своето делување Директорот пред се, се раководи од законската регулатива и интерните процедури во доменот на работењето на Банката. Се грижи за работната атмосфера и делува кон зголемување на ефикасноста и ефективноста на тимот. Раководи со свој личен позитивен пример и го поттикнува тимот за лична надградба, но и за иницијативност во подобрување на целокупното работење во Филијалата и споделување на информации за пазарните движењата во окружувањето. Одговорен е за воспоставување на редот во Филијалата.
Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:
- ВСП - економски факултет, бизнис администрација или друга сродна област
- Работно искуство од минимум 7 години, од кои минимум 3 во банка, финансиска институција или сродна област
- Одлично познавање на англиски јазик - поседување на соодветен сертификат за IELTS, TOEFL ќе се смета за предност
- Одлично познавање на Microsoft Office, особено MS Excel и MS Word
- Обуки за менаџмент и продажба - поседување на соодветен сертификат ќе се смета за предност
Лични карактеристики:
- Динамична личност со способност за преземање на иницијативи
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
- Одлични организациски и комуникациски вештини
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
- Способност за работа под притисок, во кратки временски рокови
Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Почетокот и крајот на работното време се утврдува со одлука на Банката. Банката нуди динамична и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.
Ве молиме да ја пополните апликацијата на
интернет страницата на Банката или Вашето CV (кратка биографија) на македонски или англиски јазик да го доставите во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје, со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 09.11.2018 година. Лице за контакт Даниела Радевска, тел. 02/3295- 277.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна