Дирекција за заштита и спасуваење на Република Македонија,врз основа на членовите 22,23,24,25,26, и 27 од Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, бр. 167/15-пречистен текст), и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/2 од 28.06.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/5 од 14.10.2016 година, бр.01-625/1 од 20.02.2018 година, бр.01-625/4 од 18.06.2018 година, 29.08.2018 година, 01-625/14 од 03.09.2018 година, 01-625/18 од 04.10.2018 година објавува:
ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ОБЈАВУВА
ЈАВЕН ОГЛАС
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 7 (седум ) ЛИЦА НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ
I Посебни услови кои треба да ги исполнат кандидатите
1.Раководител на одделение за специјализирани услуги со воздухопловите - 1 извршител,
Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: воено технички науки, сообраќај и транспорт
- Стручни квалификации (VIА според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредита според ЕКТС или завршен VII 1 степен)
- Искуство во раководење со летачки операции
- Минимум 200 часови налет
Посебни работни компетенции
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
- да има активно познавање на компјутерски програми .
- потврда за положен испит за административно управување
- дозвола за професионален пилот на авион CPL-A,минимум 200 часови налет
Паричен износ на плата: 71.980,00 денари.
2. Пилот во авиооделение – 4 извршители
Кандидатите , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: вишо, средно стручно образование
- Стручни квалификации: ниво на квалификација V A или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование
- искуство за управување со авион, минимум 400 часа налет.
Посебни работни компетенции
- дозвола за професионален пилот на авион CPL-A .
- во пилотската дозвола да e впишано Eglish Proficiency Level 4
Паричен износ на плата: 62.342,00 денари.
3. Воздухопловен механичар-техничар B1 (АМС) – 1 извршители
Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е да ги исполнува:
Посебни услови:
- Образование: вишо,гимназиско или средно стручно образование
- Стручни квалификации: ниво на квалификација V A или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование
- Работно искуство како авиомеханичар најмалку 2 години
Посебни работни компетенции:
- да има познавање на англиски јазик
- да има активно познавање на комјутерски програми .
- да поседува дозвола за авиомеханичар – tip B1 (АМС )
Паричен износ на плата: 36.163,00 денари.
4. Воздухопловен механичар-техничар по B2 (ИРЕ) – 1 извршители
Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
Посебни услови:
- Образование: вишо,гимназиско средно стручно образование
- Стручни квалификации: ниво на квалификација V A или ниво на квалификации IV степен според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование
- Работно искуство како авиомеханичар најмалку 2 години
Посебни работни компетенции:
- да има познавање на англиски јазик
- да има активно познавање на компјутерски програми .
- да поседува дозвола за авиомеханичар tip B2 (ИРЕ)
Паричен износ на плата: 36.163,00 денари.
II. Општи услови кои треба да ги исполнат кандидатите:
- да е државјанин на Република Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здраствена способност
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оргинална форма или копија заверена кај нотар:
1.Доказ за државјанство на Република Македонија
2.Доказ за општа здраствена способност/лекарско уверение оргинал
3.Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност/потврда
4.Уверение/диплома за завршен степен на образование/оригинал или копија со нотарска заверка верно на оригинал
5.Доказ за познавање на јазик
6.Доказ за работно искуство
7.Доказ за познавање на компјутерски програми/ оригинал или копија
8.Дозвола за професионален пилот на авион CPL-A, со минимум часови на налет 400 часа.
9.Дозвола за авиомеханичар-техничар B1 ( АМС),
10.Дозвола за авиомеханичар-техничар B2 (ИРЕ),
11.Потврда за положен испит за административно управување (за работното место број.1)
12.Биографија – со назнака за која работна позиција аплицира,
III. Распоред на работно време: Работни часови во неделата-максимум 40 работни часови,работно време со почеток меѓу 07,30-08,30 часот и крај на работно време меѓу 15,30-16,30 часот.
Работни денови: од понеделник до петок – оддление за специјализирани услуги со воздухоплови во Меѓународен Аеродром Скопје-Скопје.
Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица,, Васко Карангелески,, бр . 8 - Скопје касарна Гоце Делчев –Аеродром - Скопје(со назнака ,,за оглас за вработување,,)
Пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.
Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.
Рокот за доставување на потребната документација е осум (15) дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајки го денот на самото објавување)
Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на неопределено време .