Живот

Бјарке Ингелс - визионер кој го менува лицето на современата архитектура

Бјарке Ингелс - визионер кој го менува лицето на современата архитектура

активен до31.12.2099
06.04.2025
Во светот на архитектурата ретко се среќаваме со поединци кои не само што ги обликуваат зградите, туку и влијаат врз начинот на кој размислуваме за просторот, одржливоста и иднината на градовите. Бјарке Ингелс, дански архитект и основач на студиото БИГ (Бјарке Инглес груп), е токму тоа – непредвидлив, смел и постојано бара решенија кои комбинираат естетика, функционалност и одржливост. Неговите проекти се препознатливи по нивната комбинација на футуристички дизајн, еколошка свест и иновативен пристап, кој ги предизвикува конвенционалните правила на архитектурата.

Бјарке Ингелс дипломирал на Кралската академија за ликовни уметности во Копенхаген, каде што веќе покажал склоност кон експериментирање со форми и концепти. По неговото искуство во студиото ОМА, предводено од познатиот архитект Рем Кулхас, Ингелс основал сопствено архитектонско студио, БИГ, во 2005 година. Неговата филозофија се заснова на концептот на „хедонска одржливост“, кој тврди дека еколошки одговорната архитектура не мора да биде досадна или рестриктивна, туку напротив, може да биде забавна и иновативна.

Најпознатите проекти што ја редефинираат архитектурата

Еден од неговите први проекти што го привлече вниманието беше зградата „ВМ Хаусес“ во Копенхаген, која понуди нова интерпретација на просторот за живеење со иновативни распореди и пространи балкони. Но, вистинската пресвртница во неговата кариера беше „8 Хаус“, револуционерен станбен комплекс обликуван како број осум, кој ги комбинира приватните и јавните простори во динамична целина. Овој проект покажа како современиот урбанизам може да се обликува на начин што ја поттикнува интеракцијата меѓу луѓето.

Едно од неговите најпознати дела, „Копен хил“ во Копенхаген, е уште еден доказ за способноста на Ингелс да ја комбинира одржливоста со функционалноста. Оваа постројка од отпад до енергија не само што произведува енергија за илјадници домаќинства, туку нуди и скијачка патека, ѕид за качување и рекреативни области на својот покрив. Овој пристап кон архитектурата ја одразува неговата визија во која зградите не служат само за една цел, туку стануваат мултифункционални простори кои го збогатуваат урбаниот живот.

Во Њујорк тој го дизајнирал „ВИА 57 Вест“, станбен облакодер во форма на триаголник, кој го комбинира концептот на европскиот двор со американски облакодери. Неговата работа на „2 Светски трговски центар“, исто така, покажува колку е способен да одговори на барањата на модерните метрополи, приспособувајќи ја архитектурата на нивниот специфичен карактер.

„Д Твист“, музеј кој се наоѓа во норвешката шума Кистефос, е уште едно ремек-дело кое сведочи за неговата иновација. Оваа зграда се криви како скулптура, обезбедувајќи уникатно искуство за посетителите, а истовремено ги спојува уметноста, архитектурата и природниот пејзаж. Во главниот град на Еквадор, Кито, зградата „Икон“ стана нов симбол на урбаниот развој, со фасада покриена со зеленило што придонесува за одржливост на животната средина и ја внесува природата во срцето на градот.

Меѓу другите негови значајни дела се куќата „ЛЕГО“ во Билунд, зграда која ги симболизира играта и креативноста; „Ванкувер хаус“, импозантен облакодер со специфична геометрија, „Д Спајрл“ во Њујорк, деловна кула со континуирани зелени тераси и кампусот на „Гугл“ во Силициумската долина, кој комбинира иновативен дизајн со еколошки принципи. Дополнително, неговата канцеларија ги здружи силите со јапонскиот бренд „Нот а хотел“ за да дизајнира три вили на јапонскиот остров Сагишима. Вилите, наречени „Нот а хотел Сетучи“, ги комбинираат јапонските и скандинавските дизајнерски влијанија, инспирирани од заедничкиот акцент на минимализмот и природните материјали.


Ингелс постојано истражува нови можности во архитектурата, од пловечки градови кои се поотпорни на климатските промени до модуларни згради кои можат да се приспособат на потребите на жителите.

Неговото студио БИГ продолжува да ги поместува границите на архитектонскиот дизајн, од иновативни урбани решенија до футуристички визии како „Марс сајенс сити“ во Дубаи, замислен како експериментален град кој симулира живот на Марс. Овие амбициозни проекти докажуваат дека Ингелс е многу повеќе од обичен архитект – тој е визионер чии идеи го менуваат начинот на кој размислуваме и го доживуваме просторот.

Извор: buro247.hr

Фото: Wikipedia

Останати Живот

Белгискиот принц побарал социјална помош и покрај тоа што добива годишен надомест од 380.000 евра
активен до31.12.2099

Белгискиот принц побарал социјална помош и покрај тоа што добива годишен надомест од 380.000 евра

10.04.2025

Судот го отфрли барањето за социјален додаток поднесено од белгискиот принц Лоран, кој иако добива шестцифрен износ годишно од државната каса, побарал дополнителна помош од државата

Луѓе што „испаруваат“: Темната страна на јапонското општество каде што секоја година исчезнуваат по 80.000 лица
активен до31.12.2099

Луѓе што „испаруваат“: Темната страна на јапонското општество каде што секоја година исчезнуваат по 80.000 лица

10.04.2025

Секоја година во Јапонија исчезнуваат околу 80.000 луѓе во феномен познат под името „јохацу“, што во превод значи „испарени“

Кога ќе му речеме „не“, буквално ’ржи, вреска и доаѓа да нѐ удри... Како да постапиме?
активен до31.12.2099

Кога ќе му речеме „не“, буквално ’ржи, вреска и доаѓа да нѐ удри... Како да постапиме?

10.04.2025

Континент кој мора да остане без човечки траги: Како се оди во тоалет на Антарктикот?
активен до31.12.2099

Континент кој мора да остане без човечки траги: Како се оди во тоалет на Антарктикот?

10.04.2025

Дали некогаш сте се запрашале каде вршат нужда истражувачите на Антарктикот?

Фотографот кој ја направи „најгледаната фотографија на сите времиња“ се кае поради една работа
активен до31.12.2099

Фотографот кој ја направи „најгледаната фотографија на сите времиња“ се кае поради една работа

10.04.2025

Фотографијата, која подоцна доби наслов „блаженство“ (Bliss), прикажува сликовит поглед на зелени ридови што се прелеваат еден во друг

Најреалистичната дигитална реконструкција на „Титаник“ досега: Откриени нови детали за последните часови
активен до31.12.2099

Најреалистичната дигитална реконструкција на „Титаник“ досега: Откриени нови детали за последните часови

09.04.2025

Извонредно деталната 3Д-снимка од остатоците на „Титаник“ овозможи најјасен увид во последните часови на легендарниот брод, кој потонал во 1912 година откако удрил во санта мраз

Зошто пцуењето е добро за вашето здравје?
активен до31.12.2099

Зошто пцуењето е добро за вашето здравје?

09.04.2025

Повеќето од нас се обидуваат да се воздржат од пцуење кога нешто ќе нè изнервира

Дали знаете која е „најдебелата“ земја во светот, а воедно е и најмалку посетена
активен до31.12.2099

Дали знаете која е „најдебелата“ земја во светот, а воедно е и најмалку посетена

09.04.2025

Светската здравствена организација известува дека Науру има и највисока стапка на консумација на цигари во светот

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Стопанска комора ве покануваат на најголемиот отворен и кариерен ден во државата!
активен до31.12.2099

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Стопанска комора ве покануваат на најголемиот отворен и кариерен ден во државата!

09.04.2025

Не пропуштајте ја оваа шанса да ја испланирате својата иднина и да го направите следниот чекор во вашиот личен и професионален раст!

Како да следите политика без да го изгубите паметот
активен до31.12.2099

Како да следите политика без да го изгубите паметот

09.04.2025

Да се биде во тек со она што се случува политички во моментов е лудило