Вработување

Вработување во Министерство за информатичко општество и администрација

Вработување во Министерство за информатичко општество и администрација

06.08.2019
Врз основа на член 71в од Законот за електронските комуникации(1, Службен весник на Република Македонија" бр. 39/14, 188/14, 44/15, 193/15, 1 1/18, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 98/1 9 и 1 53/1 9), министерот за информатичко општество и администрација го распишува следниот


ЈАВЕН КОНКУРС
За избор на 6 (шест) члена независни експери на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК)

I. Министерот за информатичко општество и администрација распишува јавен конкурс за избор на 6 (шест) члена -независни експерти на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (Broadband Competence Office), (во понатамошниот текст НКБК).

II. За член независен експерт на НКБК се избира лице кое:

е државјанин на Република Македонија; во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност:
има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование од областа на информациско комуникациските технологии;
има најмалку десет години работно искуство во областа на информациско комуникациските технологии;
се стекнало со препорака за соодветно познавање од областа на бродбендот и ќе достави изјава заверена на нотар дека блиски лица не се вработени во оператор и дека немаат склучено договор за соработка со истиот, дека не се сопственици на удели или акции, директно или индиректно во оператори и дека не се членови на управен или надзорен орган или да вршат раководна функција во оператор.

Ш. Се повикуваат заинтересираните лица кои со своето експертско и советодавно мислење ќе дадат подршка на инвестициите во бродбенд мрежите, кон пријавата за учество на јавниот конкурс да достават и доказ за државјанство на Република Северна Македонија, во оригинал или копија заверена на нотар;
доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност издадена од надлежен суд, во оригинал или копија заверена на нотар;
уверение за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование од обласга на информациско комуникациските технологии, во оригинал или копија заверена на нотар;
доказ за работно искуство најмалку десет години од областа на информациско комуникациските технологии, во оригинал или копија заверена на нотар;
препорака за соодветно познавање од областа на бродбендот, со која се потврдува дека имаат познавања на: домашната и Европската регулатива за електронски комуникации (особено за бродбенд) и за користење на државна помош за развој на бродбенд; стратешко планирање, развоj и работење со бродбенд мрежи; техничките решенија, инвестициските и бизнис модели, условите за избор на оператор, ценовната политика и користењето на апликации за планирање и дизајнирање на електронски комуникациски мрежи, геогафски информациски системи и други апликации кои се важни за надлежностите на НКБК, во оригинал.
изјава заверена на нотар дека блиски лица не се вработени во оператор и дека немаат склучено договор за соработка со истиот, дека не се сопственици на удели или акции, директно или индиректно во оператори и дека не се членови на управен или надзорен орган или да вршат раководна функција во оператор, во оригинал.

IV. Министерот за информатичко општество и администрација донесува решение за избор на независните експерти членови на НКБК, со мандат од 5 (пет) години.

V. Пријавата со потребната документација од точка 3 од овој јавен конкурс, потребно е да се достават во рок од 5 (пет) дена, сметано од последниот ден на објавувањето на јавниот конкурс во дневните весници, до писарницата на Министерството за информатичко општество и администрација или по пошта на следнава адреса:

Министерство за информатичко општество и администрација
бул. „Св. Кирил и Методиј "бр. 54, 1000 Скопје
Писарница на министерството
(со назнака „за јавен конкурс за избор на членови независни експери на НКБК)
Контакт број 02 3297 149

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат

Останати Вработување