Вработување

Вработување во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Урологија...Отворени се 6 (шест) работни места

Вработување во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Урологија...Отворени се 6 (шест) работни места

06.12.2018
Врз основа на член 22, 23 и член 24 од Законот за работни односи на Р. М (службен весник 62/05), член 156, член 157 член 158 став член 159 од Законот за Здравствена Заштита на Р. М (Сл. весник на Р. М. бр. 43/12, 145/12, 87/13, 39/14, 43/14, 10/15, 154/15, 192/15, 17/16, и 37/16), врз основа на член 30 од Статутот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за Урологија, согласноста за вработување од Министерство за здравство бр. 106576/2 од 28.09.2018година и известувањето од Министерство за финансии број 1812312/2 од 24. 10. 2018 година, како и врз основа на одлуката од директор бр. 02865 од 05.12.2018 година. клиниката распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

1 За вработување на здравствен работници на неопределено време, на шест (6) лица, на работно место медицинска сестра -техничар, со завршено средно медицинско училиште во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Урологија.

2. Кандидатот треба да ги исполнува општите услови предвидени со Законот за здравствената заштита
-да е државјанин на РМ.
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност и
-да не му е изречена правосилна забрана на вршење на професија, дејност или должност

3. Покрај со закон утврдени општи услови кандидатот треба да ги исполнува следните посебни услови
-. швршено средно медицинско училиштемедицинска сестра CCC/IV степен
-положен стручен испит
-Сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење
-со и без работно искуство
- Работното време на клиниката е во 3 смени, како и работа по распоред во сабота, недела и празници. Основната нето плата изнесува 19. 000 денари

Во прилог на пријавата кандидатите се должни Да ги достават следните документи
-пријава со податоци за контакт
-кратка биографија (CV)
-уверение за државјанство на Република Македонија, оригинал или фотокопија заверена на нотар
-лекарско уверение не постаро од 6 месеци, оригинал или фотокопија заверена на нотар
-уверение дека не е изречена правосилна забрана на вршење на професија, дејност или должност, оригинал или фотокопија заверена на нотар
-диплома за завршено средно медицинско училиштетехничар оригинал или фотокопија заверена на нотар
-Сведителства од 1 ва до 4 та година оригинал или фотокопија заверени на нотар
-уверение за положен стручен испит, оригинал или фотокопија заверена на нотар
-Сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење оригинал или фотокопија заверени на нотар

- Рокот за пријавување на јавниот оглас е 5 (пет) дена од денот на објавувањето
-Ненавремената, нецелосната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата за селекција на кандидати.
- Пријавените кандидати чија документација ке биде целосна ке подлежат на тестирање.
-Пријавата со целокупната потребна документација и телефоџ за контакт, да се достават до ЈЗУ Универзитетска клиника за урологијаСкопје ул. Водњанска бр. 17, по пошта или во архивата на ЈЗУ Универзитетската клиника за урологија Скопје, a со назнака за Јавен оглас за вработување.

ЈЗУ УК Клиника за Урологија - Скопје
В. Д. Директор
Научен сор. Д-р Сашо Дохчев

Останати Вработување