Живот

Емпатијата, доброто справување со емоциите и интровертноста се неколку знаци за различни видови интелигенција

Емпатијата, доброто справување со емоциите и интровертноста се неколку знаци за различни видови интелигенција

активен до31.12.2099
07.01.2021
Психолозите и другите експерти имаат смислено многу начини за откривање на високата интелигенција кај човекот.

Веројатно сте чуле за тестовите за одредување на коефициентот на интелигенција. Овие процени се специјално дизајнирани за мерење на талентот и способноста.

Но, интелигенцијата не е само IQ. Еве зошто:

- Тестовите за интелигенција мерат специфични вештини, како расудување, меморија и решавање проблеми. Тие не можат да ја доловат пошироката слика за вашите можности.

- Тестовите за интелигенција не проценуваат важни карактеристики, како креативност или емоционални вештини.

- Луѓето од различно потекло имаат различно ниво на запознавање со концептите и структурата на тестот, така што ниските оцени не секогаш ги претставуваат вистинските интелектуални способности.

Истражување од 2016 година посочува дека луѓето со аутизам често имаат повисока интелигенција отколку што покажуваат стандардизираните тестови за интелигенција. Оваа интелигенција е едноставно неурамнотежена на начин што може негативно да влијае врз социјалните интеракции и извршувањето на задачите.

Многу експерти веруваат дека само еден тест не може да даде јасна слика за интелигенцијата, делумно затоа што има повеќе видови интелигенција што треба да се земат предвид.

Една популарна теорија, воведена од психологот и професор Хауард Гарднер, посочува дека постојат девет различни типа интелигенција.

Се прашувате како можете да откриете дали имате висока интелигенција? Ова се неколку знаци на различни видови интелигенција.

inteligencija
Фото: Freepik

1. Емпатични сте - емпатијата, најчесто опишана како способност да се доживеат нештата од туѓа перспектива, е клучна компонента на емоционалната интелигенција. Оваа интелигенција се однесува на вашата способност да ги разберете емоциите и да ги искажете на здрав и продуктивен начин.

Признавањето на сопствените емоции е важен прв чекор; сепак, луѓето со висока емоционална интелигенција имаат прилично добра свест за тоа што мислат и чувствуваат другите.

Како и секоја вештина, и емпатијата се развива, така што учењето повеќе за другите и изразувањето на вашата грижа за нив може да поттикне посилна емоционална интелигенција.

2. Ја цените самотијата - потребно ви е подолго време да бидете сами? Можеби веќе ја препознавте вашата интровертност, но можеби не знаете дека чувството на исполнетост кога сте сами може да значи висока интелигенција. Ова не значи дека интелигентните луѓе не сакаат други луѓе или имаат помалку пријатели, туку се смета дека интровертноста и интелигенцијата обично вклучуваат поминување време размислувајќи за проблеми, креирајќи нови идеи и рефлектирајќи искуства од минатото.

3. Имате силно чувство за самосвест - знаењето што ви е потребно од вашите интеракции е само еден дел од самосвеста. Вашето лично чувство за идентитет се однесува и на перцепцијата за вашите особини и способности, животни вредности, клучни животни цели и желби и други дефинирачки карактеристики.

Добро развиеното чувство за самосвест сигнализира високо ниво на интелигенција бидејќи силниот самоидентитет типично значи дека се чувствувате сигурни за себе, знаете кои се вашите вештини и имате доверба во правењето избор што ги рефлектира вашите верувања.

4. Секогаш сакате да знаете повеќе - можеби едноставните објаснувања не ве задоволуваат. Уживате во читање, уметност и истражување на други јазици и култури. Поставувате внимателни прашања што влегуваат во суштината на проблемот, поминувате часови истражувајќи нови интереси.

5. Набљудувате и се сеќавате на многу работи - често ве фалат за вашата моќ за набљудување. Работната меморија е вашата способност да складирате и да работите со специфични информации. Според истражување од 2010 година, сето тоа е поврзано со флуидната интелигенција.

Всушност, можноста за забележување и набљудување може да се однесува на различни видови интелигенција: просторно-визуелна, вербално-лингвистичка, натуралистичка интелигенција итн.

6. Имате добра меморија во физички контекст
- можеби не знаете да објасните како да стигнете до одреден ресторан, но вашите нозе го знаат патот иако до тој дел од градот сте отишле само еднаш пред многу години. Или можеби ги знаете чекорите за танцување откако инструкторот ви ги демонстрирал еднаш. Високата телесно-кинестетичка интелигенција може да се преведе во добра умешност и координација.

7. Можете да се справите со предизвиците што ви ги приредува животот - животот не е секогаш едноставен и на некои луѓе им е полесно да се соочат со неговите сложени пресврти отколку на други. Приспособливоста е клучна компонента на интелигенцијата. Ја опишува вашата способност да се приспособите на нови ситуации или да ги менувате настаните. Оваа особина се поврзува и со отпорноста, што е вашата способност да закрепнете од проблемите.

8. Имате способност да го зачувате мирот - силните меѓучовечки вештини исто така укажуваат на интелигенцијата. Имате дарба да ги смирите работите меѓу незадоволните соработници или расправиите со пријателите. Успешно го читате говорот на телото на другите, ги користите овие сигнали за да поставувате прашања и слушате емпатично за да ја добиете целосната приказна од обете страни.

9. Имате тенденција да се грижите за нештата - грижата е поврзана со повисока интелигенција. Луѓето имаат тенденција да ја гледаат вознемиреноста како негативна карактеристика, но едно истражување ја нагласува основната функција на анксиозноста: препознавање и реагирање на опасноста.

10. Добри сте во справувањето со вашите емоции - секој човек одвреме-навреме се справува со болни или несакани емоции. Тоа е нормален дел од животот. Начинот на кој се справувате со тие емоции може да каже многу за вашата емоционална интелигенција. Луѓето со висока емоционална интелигенција препознаваат сложени емоции, разбираат како тие емоции влијаат врз изборот и однесувањето, вежбаат самоконтрола за да ги искажат чувствата и изразуваат чувства на безбеден и здрав начин.

11. Имате милениче - миленичињата имаат позитивно влијание врз менталното здравје на луѓето. Луѓето што имаат миленичиња се чувствуваат помалку осамени, полесно управуваат со стресот и имаат помал ризик за развивање симптоми на депресија.

Како овие придобивки се поврзани со интелигенцијата?

Да речеме дека разговарате со миленичето кога сте вознемирени. Со тоа ја исфрлате својата фрустрација, полесно ја процесирате болката и вознемиреноста, а тоа доведува до подобрување на расположението.

Тоа е добар начин за управување со емоциите. А добрата емоционална регулација е клучен знак за емоционалната интелигенција.

Извор: Healthline.com
Фото: Freepik

Останати Живот