Живот

Со „пијани“ линии против брзото возење

Со „пијани“ линии против брзото возење

активен до31.12.2099
07.04.2025
Мерка за смирување на сообраќајот - оваа фраза го опишува потегот на локалните власти во американскиот град Монтгомери Тауншип, во сојузната држава Пенсилванија. На проблематичен локален пат, за кој мештаните пријавиле дека се претвора во тркачка патека, е исцртана нова хоризонтална сигнализација. Властите се надеваат дека заоблените линии на работ на патот и двојните полни линии на средината ќе ги обесхрабрат оние што возат пребрзо по Греј Лејн.

- Денеска беа обоени нови линии со сообраќајна сигнализација. Овие мерки за смирување на сообраќајот се воведени поради многубројните поплаки што ги добивавме од жителите за „тркачката патека“ во која прерасна Грејс Лејн - истакнале од локалната власт.

Илузијата што ја создава новата сигнализација треба да ја зголеми безбедноста, но граѓаните веќе се жалат дека тоа само прави конфузија. Погледнете како изгледа возењето по „пијаните“ линии во приложената телевизиска репортажа од локалните вести.

Извор: autonet.bug.hr

Фото: YouTube screenshot

Останати Живот