Вработување

УГД вработува! Отворени се 17 (седумнаесет) работни позиции, плата до 50.300 денари

УГД вработува! Отворени се 17 (седумнаесет) работни позиции, плата до 50.300 денари

07.06.2018
Врз основа на член 110, 114, 166, 172, 173, 174, 175, 176 и 182 од Законот за високото образование, член 22 став 3 и член 23 од Законот за работни односи и врз основа на Одлуките на Наставнонаучниот совет на Факултетот за туризам и бизнис логистика, Факултетот за медицински науки, Технолошкотехничкиот факултет и на Правниот факултет

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" ШТИП
Распишува КОНКУРС
за избор на наставници на единиците во соетав на Универзитетот

1. ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА
1. 1 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
Деловно комуницирање и Комуникации во туризмот (1 извршител)

2. ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ
2. 1 Наставник во насловно звање Насловен доцент/Насловен вонреден професор за наставнонаучната област: Педијатрија(1 извршител)
2. 2 Наставник во насловно звање Насловен доцент/Насловен вонреден професор за наставнонаучната област: Патофизиологија(1 извршител)
2. 3 Наставник во насловно звање Насловен доцент/Насловен вонреден професор за наставнонаучната област: Радиологија(1 извршител)
2. 4 Наставник во насловно звање Насловен доцент/Насловен вонреден професор за наставнонаучната област: Интерна медицина(1 извршител)
2. 5 Наставник во насловно звање Насловен доцент/Насловен вонреден професор за наставнонаучната област: Гинекологија(1 извршител)
2. 6 Наставник во насловно звање Насловен доцент/Насловен вонреден професор за наставнонаучната област: Оториноларингологија(1 извршител)
2. 7 Наставник во насловно звање Насловен доцент/Насловен вонреден професор за наставнонаучната област: Медицина на труд(1 извршител)
2. 8 Наставник во насловно звање Насловен доцент/Насловен вонреден професор за наставнонаучната област: Неврологија(1 извршител)
2. 9 Наставник во насловно звање Насловен доцент/Насловен вонреден професор за наставнонаучната област: Имунологија(2 извршители)
2. 10 Наставник во насловно звање Насловен доцент/Насловен вонреден професор за наставнонаучната област: Неврохирургија(1 извршител)
2. 11 Наставник во насловно звање Насловен доцент/Насловен вонреден професор за наставнонаучната област: Кардиохирургија(1 извршител)

3. ТЕХНОЛОШКОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ
3. 1 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Технологија на облека и Дизајнирање на текстил и облека(1 извршител)

4. ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ
4. 1 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Казнено право(1 извршител)
4. 2 Наставник во сите звања за наставнонаучната област:
-Социјално право(1 извршител)
4. 3 Наставник во насловно звање Насловен вонреден професор за наставнонаучната област:
Казнено право(1 извршител)

Критериуми за избор:
-во наставно-научно звање доцент може да биде избрано лице кое:

1 има остварено просечен успех од најмалку 8, 00 (осум) на студиите на прв и втор циклус за секој циклус посебно, односно има остварено просечен успех од најмалку 8, 00 (осум) на интегрираните студии од првиот и вториот циклус,

2. има научен степен доктор на науки од научната област за која се избира,

3.има објавени најмалку четири научни трудова во референтна научна публикација согласно со овој закон во последните пет години пред објавувањето на огласот за избор,

4. има познавање на најмалку еден странски јазик, определен со општ акг на универзитетот, односно на самостојната висока стручна школа и

5. има способност за изведување на високообразовна дејност.

Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и посебните услови од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип.

во наставнонаучно звање вонреден професор може да биде избрано лице кое:

1. има остварено просечен успех од најмалку 8, 00 (осум) на студиите на прв и втор циклус за секој циклус посебно, односно има остварено просечен успех од најмалку 8, 00 (осум) на интегрираните студии од првиот и вториот циклус,

2. има научен степен доктор на науки од научната област за која се избира,

3. има објавени најмалку пет рецензирани научни трудова во референтна научна публикација согласно со Законот за високото образование во последните пет години пред објавувањето на огласот за избор,

4. било претходно избрано во наставнонаучно звање доцент и

5. има способност за изведување на високообразовна дејност. Кандидатите треба да ги ис полнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и посебните услови од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип.

во наставно-научно звање редовен професор може да биде избрано лице кое:

1. има остварено просечен успех од најмалку 8, 00 (осум) на студиите на прв и втор циклус за секој циклус посебно, односно има остварено просечен успех од најмалку 8, 00 (осум) на интегрираните студии од првиот и вториот циклус,
2. има научен степен доктор на науки од соодветната област,
3. има објавени најмалку шест рецензирани научни труда во референтна научна публикација согласно со Законот за високото образование во последните пет години пред објавувањето на огласот за избор,
4. да бил претходно избран во звање вонреден професор и
5. има способност за изведување на високообразовна дејност.

Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и посебните услови од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип.

-Афирмирани научници, уметници и стручњаци од пракгиката, кои ги исполнуваат условите за избор во звања, a за кои нема слободно место за избор во наставнонаучно звање можат да се избираат на универзитетот во звањето насловен доцент и насловен вонреден професор, според условите и постапката утврдени со Законот за високото образование. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и посебните услови од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставнонаучни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип.

-Кандидатот кој ќе биде избран за наставник на Факултетот за медицински науки (од точка 2. 1 до точка 2. 11), ќе го задржи работното место во здравствената установа во која е вработен, a согласно договор ќе обавува настава на Универзитетот „Гоце Делчев" -Штип (член 174 од Законот за високото образование).

-На лицата кои имаат заснован работен однос (заклучно со 15. 05. 2018 г. како доцент, вонреден професор, асистент, асистент докторант или помлад асистент на некој од универзитетите во Република Македонија, нема да се применуваат условите под точка 1 (за избор во вонреден и редовен професор) при нивниот избор во исто или повисоко наставнонаучно звање.

-Доцент и вонреден професор на факултет, односно уметничка академија се избираат за време од пет години (засноваат работен однос на неопределено време), a редовен професор на факултет, односно уметничка академија со изборот заснова работен однос на неопределено време и го задржува звањето редовен професор доживотно.

-Распоред на работно време и плата:
-Дневно работно време од 08:30 до 16:30h.
-Неделно работно време40 работни часа (од понеделник до петок)
-Основна нето плата за: Доцент3 8. 143, 00 ден. Вонреден професор 43.660,00 ден. Редовен професор50.311,00 ден; Насловен доцент700, 00 ден. /час; Насловен вонреден професор -800, 00 ден. /час;

Потребни документи за кандидатите за избор во наставни и наставнонаучни звања:
-пријава;
-диплома за завршено соодветно образованиеза одбранет докторски труд (еден примерок од дипломата оригинал и три копии заверени кај нотар; странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оцените);
-Уверение за положени испити на прв и втор циклус на студии
-кратка биографија (во четири примероци);
-список на објавени научни и стручни трудови
-по еден примерок од трудовите;
-потврда дека се служи со еден странски јазик
-препорака од најмалку 2 (два) професора (вонреден/редовен) од соодветната научна област за која се врши изборотза кандидатите за избор во доцент;
-препорака од претходниот работодавач (доколку кандидатот бил вработен)за кандидатите за избор во доцент;
-еден примерок од докторскиот труд;
-уверение за државјанство;

Конкурсот трае 5 работни дена од денот на објавувањето.
Изборот ќе се изврши во рокот предвиден во член 172 од Законот за високото образование (до 6 месеци од денот на објавувањето на конкурсот).

Документите се доставуваат до архивата на:

1. Факултет за Туризам и бизнис логистикаул. „7ми Ноември" бб, Гевгелија; 032550350
2. Факултет за медицински наукиКлиничка болница Штип ул. „Љубен Иванов" бр. 25 (Одделение за педијатрија); тел. 032550400;
3. Технолошкотехнички факултетул. „Миро Барага" бб, Пробиштип; тел. 032550180;
4. Правен факултетул. „Крсте Мисирков" бр. 10АШтип; тел. 032550450;

Останати Вработување