Вработување

Оглас за работа во Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија

Оглас за работа во Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија

08.06.2018
Врз основа на член 17, член 18 став 1 и став 2, член 20 став 1 и член 234 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонмја" бр. 96/2018), Владата на Република Македонмја објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за именување претседател и три члена на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија

1) На предлог на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија ќе именува претседател и три члена на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, имајќи ја предвид соодветната и прааичната застапеност на припадниците на сите заедници, со мандат од пет години.

2) Еден член на Регулаторната комисија за енергетика е стручно лице за правни прашања од областа на енергетиката, еден член е стручно лице за економски прашања од областа на енергетиката и/или водните услуги, еден член е стручно лице за технички прашања од областа на водните услуги и останатите членови се стручни лица за технички прашања од областа на енергетиката.

3) Мандатот на секој член и на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика изнесува пет години и ниту еден член не може да биде на таа функција повеќе од два последователни мандата.

4) Функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика се врши професионално и е неспојлива со извршување на друга јавна функција или функција во политичка партија или работно место. Ако членот на Регулаторната комисија за енергетика пред именувањето бил во работен однос, работниот однос му мирува.

5) Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика ја претставува и застапува Регулаторната комисија за енергетика во земјата и во странство и има други права, обврски и овластувања утврдени со статутот.

6) За член или претседател на Регулаторната комисија за енергетика може да биде именуван државјанин на Република Македонија кој ги исполнува следниве услови: има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен од областа на електротехниката, машинството, технолошките науки, градежништвото, економијата или правото; во последните петнаесет години пред именувањето да има најмалку десет години работно искуство во енергетиката, односно обезбедувањето на водни услуги; најмалку две години пред именувањето за член на Регулаторната комисија за енергетика да не бил член на орган на управување или орган на надзор на друштво кое врши енергетска дејност, односно дејност поврзана со водни услуги и во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

7) Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
кратка биографија;
уверение за државјанство;
диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен од областа на електротехниката, машинството, технолошките науки, градежништвото, економијата или правото;
доказ дека во последните петнаесет години пред именувањето има најмалку десет години работно искуство во енергетиката, односно во обезбедувањето на водни услуги;
доказ дека најмалку две години пред именувањето за член на Регулаторната комисија за енергетика не бил член на орган на управување или орган на надзор на друштво кое врши енергетска дејност, односно дејност поврзана со водни услуги и доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

8) Документите од точка 7 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Македонија бул. „Илинден" бр. 2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување претседател и три члена на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија"

9) Нетоплатата на претседателот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика не може да биде повисока од збирот на пет просечни месечни нетоплати исплатени во Република Македонија во претходната година, според податоците објавени од Државниот завод за статистика.

10) Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници, a заклучно со 14 јуни 2018 година.

11) Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Останати Вработување