Живот

Со основање бизнис во Германија може да се дојде до државјанство

Со основање бизнис во Германија може да се дојде до државјанство

активен до31.12.2099
08.07.2020
Германија со право се нарекува економски центар на Европа. Земјата со 82 милиона жители е парламентарна демократија во која владее правото. Бруто-домашниот производ на земјата изнесува речиси 4,5 билиони долари годишно, а со тоа државата е најголемата и најмоќна економија во Европската Унија и четврта најголема економија во светот.

Германија е позната по квалитетот на своите технолошки производи, одличното и достапно образование за сите, квалитетно и достапно здравство и одлична инфраструктура. Земјата има репутација на држава која ги прима мигрантите и бизнисмените.


Фото: Келн/Pixabay

Германија има повеќе програми за мигранти чија цел е да ги привлечат најдобрите. Државата им нуди тригодишна дозвола за престој на мигрантите што се дојдени за основање бизнис. Со оваа дозвола мигрантите имаат право да аплицираат за постојан престој и можно државјанство, а таа ги вклучува и сопругот/сопругата и деца помлади од 18 години.

Во рамките на оваа програма се дозволува привремен престој за индивидуалци надвор од ЕУ што сакаат да бидат економски активни во Германија. Дозволите за престој се доделуваат доколку има економски интерес и регионална потреба за бизнисот, активноста има позитивно влијание врз економијата и лицето има сопствен капитал или одобрение за заем на пари со кои ќе ја спроведе идејата.

Со други зборови, дозвола за престој добиваат странските инвеститори што инвестираат сопствен капитал во бизнис кој позитивно ќе влијае врз економијата. Конкретно, имотот кој би требало да го купи индивидуалецот би чинел најмалку 250.000 евра, а функционирањето на бизнисот најмалку 5 години би чинело уште 100.000 евра.


Фото: Берлин/Pixabay

Оние што се подготвени да инвестираат 350.000 евра за бизнис во Германија добиваат тригодишна дозвола за престој. Истовремено, членовите на семејството на инвеститорот може да работат.

Подоцна инвеститорот може да аплицира за статус на постојан жител во период од 21 месец по пристигнувањето доколку има познавање од германскиот јазик на ниво од најмалку Б1. Тој може да аплицира за постојан престој 33 месеци по пристигнувањето доколку неговото познавање од германски јазик е еднакво на А1, односно основно ниво.

Инвеститорот не смее да ја напушти Германија во период подолг од 6 месеци доколку има дозвола за привремен или постојан престој. Конечно, по постојан престој од 8 години (или 7 доколку помине специјален курс за интеграција), инвеститорот може да аплицира за германско државјанство и германски пасош.

Автор: Енди Џ. Семотиук
Извор: forbes.com

Останати Живот