Препорачани огласи

PwC објавува повик за АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ

PwC објавува повик за АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ

09.01.2020
PwC е моќна мрежа од над 276.000 професионалци во 157 земји во светот. Професионалци посветени на градењето на квалитетот на услугите во разни области од правната, финансиската и даночната сфера, вклучително и адвокатските услуги.

Спојте ја Вашата љубопитност со постојаните можности за учење и напредок, и направете разлика. За потребите на Адвокатското друштво Папазоски и Мишев, објавуваме:

отворени позиции за:
Адвокатски приправници

Што бараме:
• Магистер по правни науки со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) за стручно оспособување заради стекнување услови за полагање на правосуден испит согласно Закон за адвокатурата и Законот за правосудниот испит;
• Работната недела на кандидатите ќе трае пет работни дена, од понеделник до петок, од 8.30-16.30 часот, или вкупно четириесет часа неделно. во траење од 12 месеци;
• Без работно искуство.

Дополнителни барања:
• течен македонски јазик и одлично познавање на англиски јазик;
• способност за тимска работа;
• познавање од работа со компјутери;
• амбициозна личност со способност да работи во различна и динамична работна околина;
• флексибилност и желба за патување во регионот и пошироко.

Што нудиме:
• комплетна програма за прилагодување и вовед во работата;
• утврден систем на „пријател“ и „ментор“ за приправниците;
• успешно спроведување на адвокатскиот приправнички стаж преку програма за постојан личен и професионален развој;
• динамична и атрактивна работна околина;
• комплетна програма за бенефиции на вработените;
• интернационални ангажмани и можности за работа во други канцеларии на PwC.

Аплицирајте најдоцна до 20 јануари
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме аплицирајте најдоцна до 20 јануари 2020.


 * Апликациите испратени по пошта, или на нашата е-mail адреса нема да бидат земени во предвид. Посетете ја нашата фејсбук страница 
PwC Macedonia

Останати Препорачани огласи