Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Стопанска комора ве покануваат на најголемиот отворен и кариерен ден во државата!

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Стопанска комора ве покануваат на најголемиот отворен и кариерен ден во државата!

активен до31.12.2099
09.04.2025
Два настани, една голема можност!

Придружете ни се на овој исклучително корисен настан за млади кој вклучува:

📌 Отворен ден за средношколци – Истражете ги можностите за вашите идни студии, запознајте го факултетот кој ви е од интерес и искусете дел од студентскиот живот!

#УГД ќе ви ги претстави условите за високо образование, со кое ќе можете да ги реализирате вашите животни цели, преку 12 факултети и 3 академии и над 70 студиски програми, преку кои добивате меѓународно призната диплома, бесплатна современа литература, висока и модерна дигитализација, најразвиена Еразмус+ програма во државата и уникатно членство во голема европска универзитетска алијанса на 9 универзитети ACE2EU, со заеднички меѓународни студиски програми и низа многубројни придобивки за студентите.

📌 Ден на кариера за студенти – Поврзете се со најдобрите и најуспешните работодавци, откријте ги можностите за кариера и професионален напредок!
Без разлика дали барате работа, стажирање, пракса или само сакате да дознаете повеќе за различните индустрии и да изградите познанства, овој настан е совршено место за вас.

🌟 Поддржано и спонзорирано од ЕАМ, Kolid Foods, МИК Свети Николе, ПЗУ Болница Плодност и Јофатекс.

🌟 Компании-учеснички се: Микросам ДОО Прилеп, ЗДВИЛ ЛИОН ДОО Св. Николе, Road Legends, Amphenol Technology, Поликлиника Мартини, Draxlmaier, Superior Global Service, NLB Тутунска Банка, Taskforce, Аптеки Бела Фарм, Career transition support North Macedonia, Ирибов МК Виница, ADIENT Seating, EVN, Бучим ДООЕЛ Радовиш, Про Транс Диспеч, Фондација Прогресив Академија, Макпрогрес ДОО Виница, Халк Банка Скопје, Диаверум, Сава Осигурување ДОО Скопје, Декра Арбеит Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје, Confindustria, Имако Вино, Про Кредит Банка, WVP, PharmaS, Стопанска Банка АД Скопје, Уни Банка, Штедилница „ФУЛМ“, ФС Штампа Хил, Ламинати Ком Прилеп, Шпаркасе Банка, кои ги претставуваат областите како здравство, трговија, осигурување, финансии, производство и повеќе.

🌟 Организирано во соработка со Стопанска комора на РС Македонија.
🗓 Датум: 15.4.2025
📍 Локација: Просторот пред Ректорат на УГД
🕒 Време: 11:00

Не пропуштајте ја оваа шанса да ја испланирате својата иднина и да го направите следниот чекор во вашиот личен и професионален раст!
Ве очекуваме!

Пс. Нашите успешни студенти сведочат за вредноста која ја создаваме за нив и ве покануваат да учествувате:






 









(Комерцијална објава)

Останати Живот