Вработување

Оглас за вработување во Царинската управа...Нето плата: 45.599 денари.

Оглас за вработување во Царинската управа...Нето плата: 45.599 денари.

10.04.2018
Врз основа на чл. 22 и23 од Законот за работните односи Пречистен текст(„СлужбенвесникнаРМ" бр. 167/2015 и бр. 27/16) в. в. со член 14, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (СлужбенвесникнаРМ" бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016и35/2018), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 0214736/1 од 6. 10. 2015 година и број 04065421/150012 од 21. 6. 2016 година и Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 0214736/1 од 6. 10. 2015 година. број 01065421/150007 од 25. 2. 2016 година и број 01065421/150013 од 21. 6. 2016 година и известувањето од Министерството за финансии број 184254/2 од3. 4. 2018година, Царинската управа објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2018
за вработување на 1 (еден извршител на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2018)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 1 (еден) извршител на определено време до крајот на тековна фискална година (2018);
1 Советник на директорот 1 извршител

Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови:
завршеноVI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија, познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕвропскатаУнија (англиски, француски, германски) и тоа; ИЕЛТС со 5-6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛ ЕК, ИКФЕ, БУЛАТС; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 1 75 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода; или Д ЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ; или Гете сертификат, Тест Даф, на Б2 (В2) нивото на ЦЕФР (CEFR) активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, најмалку четири години работно искуство на царински работи или во струката.

Кандидатите потребно е да ги достават следните документи:
Доказ за државјанство;
Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност;
Доказ уверение диплома за завршен степен на образование;
Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
Меѓународно признат сертификат за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.
Пријава и кратка биографија со задолжително наведено живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, email адреса и контакт телефон.
Кандидатите се должни да поднесат Пријава и кратка биографија и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.
Условите наведени во огласот, кандидатите требада ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Распоред на работно време: работни часови во неделата: 40 часа.
Работно време: од понеделник до петок од 08. 30 до 16. 30 часот
Паричен износ на основна нето плата: 45. 599, 00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 3 1 .1 2. 2018 година.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни денови сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 17. 04. 2018 година (вторник). Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа или по пошта на следната адреса: Ул. „Лазар Личеноски" бр. 13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 1/2018"
Контакт број 02 3166 188 Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РМ.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разшедување.

Директор,
м-р Ѓоко Танасоски

Останати Вработување