МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Педагошка служба
Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весникна Република Македонија" бр. бр. 98/08, 99/09, 83/10, 36/1 1, 135/1 1, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), директорот на Педагошката служба, распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебници
1. Нарачател: Министерство за образование и наукаПедагошка служба, ул. „Св. Кирил и
Методиј" бр. 54Скопје.
2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:
- Босански јазик за I одделение на деветгодишно основно образование,
-Информатика за VI одделение на деветгодишно основно образование,
-Граѓанско образование за VIII одделение во деветгодишно основно образование,
-Граганско образование за IX одделение во деветгодишно основно образование,
3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:
-да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменетучебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и
-да бидат наставници од основно односно средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.
Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
-уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),
- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 1 1 од Законот за учебници за основно и средно образование.
- преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Пријавата може да се преземе од www. mon. gov. mk или да се подигне во Министерството за образование и наукаПедагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.
Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наукаПедагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите е 20. 6. 2019 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.