Вработување

Собранието на Република Македонија објавува оглас за вработување! Отворени се 3 (три) работни места

Собранието на Република Македонија објавува оглас за вработување! Отворени се 3 (три) работни места

11.04.2018
Врз основа на член 22 став (1) алинеја 6, став (5), став (7), став (8), став (1 1) алинеја 3, став (13) и став (14) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" број 27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/201 8), член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ" бр. 2/2005; 106/2008; 161/2008; 114/2009; 130/2009; 149/2009; 50/2010; 52/2010; 124/2010; 47/2011; 11/2012; 39/2012; 13/2013; 25/2013; 170/2013; 187/2013; 113/2014; 20/2015; 33/2015; 72/2015; 129/2015 и 27/2016) Собранието на Република Македонија објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС
За вработување на 3 (тројца) посебни советници за потребите на потпретседателите на Собранието на Република Македонија на определено време

Собранието на Република Македонија објавува оглас за вработување на три лица на определено време за следната позиција:

1. Посебен советник на потпретседателот на Собранието за економско и правнополитички прашања - 3 извршители.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови:
- да се државјани на Република Македонија,
- со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;

Покрај општите услови предвидени со Закон, кандидатите потребно е:
- да имаат завршено високо образование со најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- да бидат со или без работно искуство

- да имаат задолжително познавање на англиски јазик

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.

Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар и тоа:
- Доказ за државјанство;
- Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
- Уверение/диплома за завршен степен на образование
- Кратка биографија со задолжително наведен контакт телефон и адреса.

Дневно работно време од 8:30 часот до 16:30 часот. Неделно работно време 40 часа од понеделник до петок. Како посебни услови за работа во кабинетите се предвидува и работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, заради извршување на итни и неодложни работи.

Паричниот износ на основната нето плата изнесува 36. 855 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време. Вработувањето на посебните советници трае најдолго до истекот на мандатот на потпретседателот на Собранието на Република Македонија.

За време траењето на договорот за вработување во кабинетот на потпретседателите на Собранието на Република Македониај, на посебните советници им мирува работниот однос во институција или компанијата во која се вработени.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавите со потребната документација треба да се достават во затворен плик во Архивата на Собранието на Република Македонија или по пошта на следната адреса:

Собрание на Република Македонија ул. „1 1 Октомври" бр. 10, Скопје, со назнака: „Оглас за посебен советник на потпретседателот на Собранието на Република Македонија"

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.

Останати Вработување