Живот

Најдлабоката подземна станица во светот - се спуштате цели 10 минути по подвижни скали

Најдлабоката подземна станица во светот - се спуштате цели 10 минути по подвижни скали

активен до31.12.2099
11.04.2025
Метро-станицата „Хонгјанцун“ во кинескиот град Чонгкинг е толку длабоко под земја што ви се потребни 10 минути за да се спуштите до неа со подвижни скали. Оваа метро-станица била отворена во 2022 година, а се наоѓа на длабочина од неверојатни 116 метри, што е еквивалентно на висина од 40 ката.

„Хонгјанцун“ се наоѓа на линија 9 од подземниот железнички систем на Чонгкинг, во област позната по своите кривини и бескрајни ридови. За време на изградбата, на работниците им биле потребни дури 38 минути да се искачат од дното на градилиштето до површината. Денес, патниците мораат да поминат низ осум серии подвижни скали за да стигнат до перонот.

Познатиот јутјубер @fischfs сними како изгледа спуштањето до станицата, при што открива елегантен, сив и модерен ентериер и впечатливи подвижни скали.

Потсетува на сцени од „Истребувач“

Но, треба да бидете внимателни затоа што ако се спуштате пребрзо, промената на притисокот може да ви создаде непријатност во ушите. Брзината на подвижните скали можете да ја надминете само со лифтот, кој патем стигнува до станицата за само 53 секунди.

Watch on TikTok
Благодарение на својот уникатен дизајн, оваа станица стана вистинска туристичка атракција. Туристи од целиот свет доаѓаат за да го доживеат овој футуристички облик на превоз. А ова не е единственото необично нешто во Чонгкинг.

Градот, со лавиринт од повеќекатни згради, неонски осветлени облакодери и футуристичка архитектура, го доби прекарот Сајберпанк град поради неверојатната сличност со дистопискиот пејзаж од филмот „Истребувач“. Чонгкинг има дури 298 облакодери повисоки од 100 метри и 26 згради повисоки од 200 метри, со што го зазема 15. место во светот според бројот на високи згради и шесто во континентална Кина.

Watch on TikTok
Невообичаениот урбан распоред, при што делови од градот се високо издигнати над земјата, на жителите и туристите им создава чувство дека речиси не можат да стапнат на земјата. Постојат дури и надворешни подвижни скали за кои се плаќа билет, а кои ги поврзуваат различните нивоа на градот.

Меѓу најпознатите атракции е станицата „Лизиба“, која минува низ станбена зграда од 19 ката, односно се протега меѓу шестиот и осмиот кат, каде што има и станови. Иако на прв поглед изгледа како плод на лошо планирање, оваа структура е намерно осмислена и изградена како единствена, интегрирана целина.

Облакодерот е поделен на два дела: долниот дел со седум ката е дел од станицата, а останатите 11 ката се станбен простор.

Извор: Net.hr
Фото: Wikipedia

Останати Живот

Дали знаете колку океани има на Земјата?
активен до31.12.2099

Дали знаете колку океани има на Земјата?

09.05.2025

Богатството на природата и животот што лежи под површината на морето е нешто што не е лесно да се замисли, ниту пак е целосно истражено

Колку долго треба да издржите во „планк“ положба според вашата возраст?
активен до31.12.2099

Колку долго треба да издржите во „планк“ положба според вашата возраст?

09.05.2025

Колку и да изгледа едноставно, „планк“ вежбата е вистински предизвик дури и за луѓе со просечна физичка подготвеност

Пронајденo исчезнатo досие за Јозеф Менгеле во Аргентина: Нови детали за „ангелот на смртта“
активен до31.12.2099

Пронајденo исчезнатo досие за Јозеф Менгеле во Аргентина: Нови детали за „ангелот на смртта“

09.05.2025

Новинари откриле досие од аргентинската федерална полиција за нацистичкиот злосторник Јозеф Менгеле, кое со години се сметало за исчезнато.

Математичар кој е смирен, фер и ненаметлив - Кој е новиот папа Лав XIV?
активен до31.12.2099

Математичар кој е смирен, фер и ненаметлив - Кој е новиот папа Лав XIV?

09.05.2025

Роберт Франсис Превост се стекнал со диплома по математика, а потоа и со магистратура по теологија во Чикаго

Колумна: Потрошувачка на електрична енергија во светот
активен до31.12.2099

Колумна: Потрошувачка на електрична енергија во светот

09.05.2025

Во 2024 година речиси 60% од електричната енергија била произведенаод групата на фосилни извори. Јагленот остана најголемиот извор во светот, позиција што ја држеше повеќе од 50 години

Студентите во Данска се платени за да студираат
активен до31.12.2099

Студентите во Данска се платени за да студираат

09.05.2025

Додека многу студенти ширум светот се соочуваат со години отплата на скапи студентски кредити, младите во Данска уживаат во сосема поинаква реалност, таму образованието е бесплатно, а државата дури им плаќа додека студираат.

Дејвид Атенборо со нов филм по повод неговиот 99. роденден: „Океанот е најважното место на Земјата“
активен до31.12.2099

Дејвид Атенборо со нов филм по повод неговиот 99. роденден: „Океанот е најважното место на Земјата“

08.05.2025

Дејвид Атенборо најавува еден од најзначајните филмови во неговата кариера додека се подготвува да ја прослави стотата година од животот

Американецот Роберт Превост е новиот папа
активен до31.12.2099

Американецот Роберт Превост е новиот папа

08.05.2025

Кардиналот Роберт Превост, кој по националност е Американец, е избран за нов папа, соопштија од Ватикан. Тој го зема името Лео XIV

Избран е нов папа
активен до31.12.2099

Избран е нов папа

08.05.2025

Ве покануваме да учествувате на летните школи на Универзитетот од Љубљана
активен до31.12.2099

Ве покануваме да учествувате на летните школи на Универзитетот од Љубљана

08.05.2025

Дојде летото, а со него и одлични можности да ги запознаете Словенија и Љубљана!