Врз основа на член 120д и член 120ѓ од Законот за јавнообвинителска служба (Сл. весник на РМ бр. 62/15, Сл. весник бр. 231/15, Сл. весник бр. 11/2016 и Сл. весник бр. 21/18 в. в. член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст Сл. весник бр. 167/15), Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите
Скопје, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/18
за вработување на определено време за следните работни места:
I. Јавнообвинителски службеници:
1. Виш јавнообвинителски советник 5 (пет) извршители
2. Советник економист 2 (два) извршители
3. Виш стручен јавнообвинителски соработник 2 (два) извршители
4. Виш референт благајник 1 (еден) извршител
5. Помлад референтизвршител во одделение за финансиски истраги 1 (еден) извршител
II. Лица кои вршат технички и помошни работи:
6. Доставувач 2 (два) извршители
Кандидатите за секое од наведените работни места, потребно е да ги исполнуваат следните Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен,
да има општа здравствена способност за работното место исо правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Уверението за државјанство и потврдата дека со правосилна судска пресуда не е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност да не бидат постари од 6шест месеци, a лекарското уверение да не биде постаро од 1 година на денот на објавување на огласот.
Покрај Општите услови, кандидатите е потребно да ги исполнуваат и Посебните услови (соодветни стручни квалификации, работно искуство и посебни работни компетенции) за соодветно работно место и тоа:
I. Јавнообвинителски службеници (т. 1 -т. 5) за работно место под број 1
за работно место под број 1 кандидатите треба да имаат најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен Правен факултет; со положен правосуден испит; најмалку 3 години работно искуство во струката; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на Здружението ALTE на европски
тестори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете Сертификат;
-за работното место под реден број 2, кандидатите треба да имаат најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Факултет од областа на економските науки; најмалку 3 година работно искуство во струката; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на Здружението ALTE
на европски тестори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете Сертификат;
-за работното место под реден број 3, кандидатите треба да имаат најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет; со положен правосуден испит; најмалку 2 години работно искуство во струката; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на Здружението ALTE на европски тестори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете Сертификат;
-за работното место под реден број 4, кандидатите треба да имаат најмалку вишо или средно образование, со најмалку 2 години работно искуство во струката; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на Здружението ALTE на европски тестатори, или уверение од меѓународна институција, на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете Сертификат;
-за работното место под реден број 5, кандидатите треба да имаат најмалку вишо или средно образование; со или без работно искуство; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на Здружението ALTE на европски тестатори, или уверение од меѓународна институција, на Al (А1) нивото на ЦЕФР
(CEFR), односно БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете Сертификат;
II. Лица кои вршат технички и помошни работи (т. 6)
-за работното место под реден број 6, кандидатите треба да имаат најмалку вишо или средно образование, со најмалку 5 години работно искуство и положен возачки испит од „Б" категорија
Работниот однос се заснова на определено време, до укинување на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Основната нето плата за работните места под реден број 1 изнесува 28. 600, 00 денари, во месечен износ.
Основната нето плата за работните места под реден број 2 изнесува 27. 200, 00 денари, во месечен износ.
Основната нето плата за работното место под реден број 3 изнесува 25. 300, 00 денари, во месечен износ.
Основната нето плата за работното место под реден број 4 изнесува 16. 400, 00 денари, во месечен износ.
Основната нето плата за работното место под реден број 5 изнесува 15. 200, 00 денари, во месечен износ.
Основната нето плата за работното место под реден број 6 изнесува 18. 200, 00 денари, во месечен износ.
Работни часа 40 неделно
Работни денови: од понеделник до петок
Работно време од 08, 30 до 16, 30 часот
Дневна пауза од 12, 30 до 13, 00 часот
Кандидатите се должни да поднесат Пријава за вработување во која ќе наведат на кое работно место се пријавуваат, Кратка биографија CV и Докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или во копија заверена кај нотар.
Рокот за пријавување трае 5 работни дена од денот на последното објавување во дневен весник (не сметајќи го денот на објавување).
Пополнетата пријава заедно со CVто и со доказите за исполнување на општите и посебните услови, кандидатите се должни да ги достават до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите или преку пошта со препорачана пратка со назнака "за Оглас бр. 1/18" на следната адреса: Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ул. Франклин Рузвелт бр. 34 во Скопје.
Ненавремена пријава или пријава со непотполни документи нема да биде предмет на разгледување.
Изборот ќе се изврши во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.
Лице за контакт: Емилија Мирковиќ
Контакт телефон: 02 6092854
Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите