АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas/Energy). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.
АПАВЕ СЕЕ има потреба од асистент во финансии и сметководство (4 работни позиции) коj ќе се придружи на нашиот тим со следниве клучни задачи и одговорности:
Асистент во оддел финансии и сметководство (4)
Асистентот ќе биде одговорен за административна поддршка на тимот за финансии и сметководство во фактурирање и плаќање на добавувачите.
Работни обврски:
-Асистентот е одговорен за прецизно внесување на фактурите на добавувачите во сметководствениот систем на компанијата;
-Асистентот е одговорен за примените фактури и доделување на соодветна трошковна единица за секоја фактура;
-Одговорен е за прецизно и точно внесување податоци на фактурите за добавувачи;
-Одговорен е за навремено менаџирање (регулирање) на барањата од добавувачи и внатрешните обврски:
- Одговорен е за водење на евиденција за фактурите и документација на добавувачите за ревизорски цели;
-По потреба дава поддршка во активностите за процесот на сметководствено затворање на месецот;
Потребни квалификации и вештини:
- Високо образование
- Претходно административно искуство или искуство во финансии и сметководство (предност)
- Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан),
- Задолжително познавање на компјутери (MS Office: Word, Excel)
- Претходно искуство со работа во софтвер Microsoft Dynamics 365 се смета за предност;
- Ориентираност кон детали и точност и прецизност во внесување на податоците;
- Клучни компетенции: комуникација, планирање и организирање, управување со времето и рокови;
Работни услови:
• Локација на работното место општина Карпош
• Обезбеден паркинг простор
• Можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот)
• Работно време од
06.00-14.00 или 08.00-16.00
Испратете кратка биографија на
recruitment.bue@apave.com
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на АПАВЕ СЕЕ.