Вработување

Оглас за вработување во Агенцијата за планирање на просторот. Нето плата: 58.000 денари

Оглас за вработување во Агенцијата за планирање на просторот. Нето плата: 58.000 денари

13.07.2018
Врз основа на член 61 став (1) алинеа (4), a во врска со член 62 и член 63 од Законот за просторно и урбанистичко планирање Службен весник на Република Македонија" број 199/14, 44/15 193/15, 31/16, 63/16 и 64/18) и член 12 став (1) алинеа (4) од Статутот на Агенцијата и Одлуката за објавување јавен оглас за избор на Директор на Агенцијата за планирање на просторот, бр. 0201639/3 од 1 1 .07. 201 8 година донесена од Управниот одбор на Агенцијата за планирање на просторот, се објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на
Директор на Агенцијата за планирање на просторот

1. Управниот одбор на Агенцијата за планирање на просторот, објавува јавен оглас за избор на Директор на Агенцијата за планирање на просторот.

2. На јавниот оглас за избор на Директор на Агенцијата за планирање на просторот може да се пријави лице кое ги исполнува следниве услови:

1) да е државјанин на Република Македонија;
2) во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен;
4) има минимум пет години работно искуство и минимум три години работно искуство на раководно место;
5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години:

ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода;
ИЕЛТС (IELTS) најмалку 6 бода;
ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge Engish: Legal) Hajмaлкy Б2 (В2) ниво;
ФЦЕ (FCE) (Cambridge Engish: First)
БУЛАТС (ВиЕАТЅ)најмалку 60 бода или
АПТИС (APTIS)најмалку ниво Б2 (В2).

Доколку кандидатот во моментот на аплицирањето на јавниот оглас не поседува доказ за активно познавање на англиски јазик (наведено во алинеа 5), во случај на избор за директор на Агенцијата, согласно член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање Службен весник на Република Македонија" бр. 64/18), е должен да го исполни условот за познавање на странски јазик и да достави доказ најдоцна во рок од една година од денот на неговиот избор.

Заинтересираните кандидати треба да приложат:
пријава за учество на оглас;
професионална биографија (CV);
доказ за државјанство (во оргинал или заверено од Нотар);
доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност (во оргинал или заверено од Нотар);
диплома или уверение за завршено високо образование најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (во оргинал или заверено од Нотар);
доказ од минимум 5 (пет) години работно искуство и минимум 3 (три) години работно искуство на раководно место (во оргинал или заверено од Нотар);
доказмеѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години (во оргинал или заверено од Нотар);
Кандидатот за избор на Директор на Агенцијата за планирање на просторот пожелно е да има и добро познавање на состојбите во просторното и
урбанистичкото планирање во Република Македонија, пошироко искуство во соработката со меѓународни организации од областа на просторното и урбанистичкото планирање, да поседува организациски и раководни способности, комуникациски вештини за јавни настапи и презентации, развивање на добри меѓучовечки односи, иницијативност и односи со јавноста,

3. Мандатот на директорот трае четири години со можност за повторен избор. Директорот е професионално ангажиран во Агенцијата со полно работно време.

4. Надлежностите на Директорот се наведени во член 63 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

5. Работното време изнесува 40 часа неделно, од понеделник до петок со почеток помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 до 16: 30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа. Паузата во текот на дневното работно време е во траење од 30 минути во временски период од 12:00 до 12:30 часот.

7. Паричниот износ на основната нето плата изнесува 58. 000 денари.

8. Рокот за поднесување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од објавувањето на јавниот оглас во дневниот печат.

9. Изборот на Директор ќе се изврши во рок од 5 дена од завршувањето на рокот за пријавување на огласот.

10. Потребните документи кандидатите треба да ги достават во оргинал или заверена копија на нотар (како што е наведено) во затворен коверт во архивата на Агенцијата (секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот) или по ПТТ, на адреса: Агенција за планирање на просторот, "Плоштад Македонија" бр. 2, 1000 Скопје, со назнака: "До Управен одбор на Агенција за планирање на просторот" зајавен оглас за избор на Директор" На горниот лев агол од ковертот да биде означено "НЕ ОТВОРАЈ" Лице за контакт: Ивана Ѓоргова, тел. З 227 244, лок. 122.

11 Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разледувана.

12. По завршувањето на постапката, Управниот одбор ќе донесе Одлука за избор на Директор на Агенцијата, a секој пријавен кандидат ќе биде писмено известен за извршениот избор.

Управен одбор на Агенција за планирање на просторот

Останати Вработување