Врз основа на член 6 став 1 точка 2 и 4, член 7 став 1 алинеја 3, член 9 став 1 алинеја 8 и член 20 став 1 од Законот за Бирото за развој на образованието („Службен весник на РМ" бр. 37/2006, 142/2008, 148/2009, 69/13, 120/13, 148/13, 41/14, 30/16 и 64/18), член 3 став 1 алинеја 7, член 4 став 1, 4 и 5, член 5, член 10 и член 13 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за избор на надворешните соработници и утврдување на висината на авторските надоместоци и надоместоците за други услуги на Бирото за развој на образованието бр. 012840/1 од 16. 04. 2009 година, бр. 0110943/1 од 09. 10. 2009 година, бр. 0112210/1 од 18. 11. 2009 година, бр. 011207/2 од 08. 11. 2013 година, бр. 01534/1 од 04. 06. 2014 година, бр. 01534/2 од 13. 10. 2014 година, бр. 01534/3 од 31. 10. 2014 година и бр. 011482/1 од 27. 09. 2018 година, Барањетп бр. 031478/1 од 25. 09. 2018 година и Барањето бр. 1531/1 од 16. 10. 2018 година Бирото за развој на образованието објавува
КОНКУРС
за избор на надворешен соработник за стручна работа на Бирого за развој на образованието
Бирото за развој на образованието има потреба од ангажирање надворешни соработници за стручна работа во Бирото за развој на образованието.
1 Надворешен соработник за учество во „Истражување на аиуелната состојба на инклузијата на децата со посебни образовни потреби во основното образование во Република Македонија"
Рангирањето и изборот ќе се изврши според следните критериуми:
завршени докторски студии;
работно искуство во воспитнообразовната или научната дејност;
објавени стручни, односно научни трудови кои се од значење за унапредување на воспитанието и образованието;
учество со свои хрудови на научни и стручни собири од областа на образованието;
учество во истражувачкоразвојни проекти од областа на образованието.
За предност ќе се смета искуство во процесот на инклузија во Република Македонија од 1998/99 па се до денес.
Дополнителни критериуми за избор на надворешните соработници се:
познавање на компјутерски вештини;
други способности и вештини за извршување на работите.
2. Надворешни соработници за изработка на наставни програми за деветгодишното основно образование и тоа:
2. 1 Македонски јазик за учениците од другите заедници за VI одделение;
2. 2. Македонски јазик за учениците од другите заедници за VII оддедение;
2. 3. Македонски јазикза учениците од другите заедници за VIII одделение;
2. 4. Македонски јазик за учениците од другите заедници за IX одделение;
2. 5. Албански јазик за учениците од другите заедници за VI одделение;
2. 6. Албански јазик за учениците од другите заедници за VII одделение;
2. 7. Албански јазик за учениците од другите заедници за VIII одделение;
2. 8. Албански јазик за учениците од другите заедници за IX одделение;
Рангирањето и изборот ќе се изврши според еледните критериуми:
За соработниците од училиштата:
да имаат високо образование за соодветната област/подрачје;
најмалку 3 години работно искуство во воспитнообразовната работа;
да имаат објавени стручни трудови кои се од значење за унапредување на воспитанието и образованието, самостојно или како дел од тимот;
да имаат учествувано со свои трудови на стручни собири за образованието;
да имаат учествувано во истражувачкоразвојни проекти од образованието.
За соработниците од високообразовните и научните установи:
да имаат завршено најмалку магистерски студии;
да имаат работно искуство во воспитнообразовната или научната дејност,
да имаат искуство и солидни познавања на соодветната област/подрачје,
да имаат објавени стручни, односно научни хрудови кои се од значење за унапредување на воспитанието и образованието;
да имаат учествувано со свои трудови на научни и струни собири за образованието;
да имаат учествувано во истражувачкоразвојни проекти од образованието.
Дополнителни критериуми за избор на надворешните соработници се:
познавање на компјутерски вештини;
други способности и вештини за извршување на работите.
Начин на пријавување и избор
Кандидатите треба да достават пријава и следната документација: биографија, потврда за работно искуство, уверение, сертификат и слично, стручни трудови за исполнување на
условите утврдени со објавениот конкурс.
Конкурсот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето во средетвата за јавно информирање, не сметајќи го денот на самото објавување.
Пријавите со некомплетна документација и ненавремено доставените документи, нема да бидат предмет на разгледување.
Пријавите со потребната документација се доставуваат во архивата на Бирото за развој на образованието Скопје, или по пошта со препорачана пратка на адреса: Биро за развој на образованието, ул, „Руѓер Бошковиќ" бр. 20, Карпош II, п. фах 172, 1000 Скопје, (контакт лице Емилија Пановска, емаил: emilijapanovska@bro.gov.mk, тел. 3064131 лок. 145).
Биро за развој на образованието