Живот

Ковид-пасошите се новата реалност

Ковид-пасошите се новата реалност

активен до31.12.2099
13.12.2020
Пандемијата го промени нашето секојдневие, а и патувањата. Се чини дека новиот стандард ќе наложи да имаме таканаречени ковид-пасоши.

Според „Вашингтон пост“, уште од самиот почеток се споменува овој концепт како решение за нормализација на индустријата на патувањата. Но, во овие дена (додека се одвива вакцинирањето во Велика Британија) тоа забрзано станува реалност.

Според „Вашингтон пост“, ковид-пасошот првенствено е наменет за меѓународните патници. Всушност, станува збор за апликации.

Едната од нив веќе е во тест-употреба, а другата е во завршна фаза. Корисниците може да ги постават своите верификувани резултати од тестовите и еден ден - доказ за вакцината.

Апликацијата се нарекува „CommonPass“ и од овој месец се тестира на летовите на некои авиокомпании помеѓу Њујорк, Лондон, Сингапур и Хонг Конг. Програмата работи преку здравствената апликација на „Епл“ и „Ајос“ или „CommonHealth“ на „Андроид“ и е поврзана со 230 американски здравствени системи. Функционира преку скенирање код што содржи кориснички податоци - резултати од тестови или потврди за вакцинација, како и планови за патувања.

Многу авиокомпании размислуваат за вакцинирањето како услов за патување во иднината.

Извор: 6yka.com | Washington Post
Фото:

Останати Живот