Вработување

Отворени се 22 (дваесет и две) работни места во Управата за водење на матичните книги

Отворени се 22 (дваесет и две) работни места во Управата за водење на матичните книги

14.01.2019
Република Македонија Министерство за правда Управа за водење на матичните книги

ЈАВЕН ОГЛАС
Врз основа на член 22 став (8) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" број 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18), член 22, став (1), алинеја 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018) објавува јавен оглас за вработување на 22 (дваесет и две) лица во Управата за водење на матичните книги на определено време и на следниве позиции:

1. УПР0101Г04000 Помлад референт -матичар во Подрачно одделение за матично работење-Куманово, со завршено Вишо или средно образование (2) извршители

2. УПР0101Г04000 Помлад референт -матичар во Подрачна канцеларија за матично работење-Македонски Брод, со завршено Вишо или средно образование (2) извршители

3. УПР0101Г04000 Помлад референт -матичар во Подрачна канцеларија за матично работење-Крушево со завршено Вишо или средно образование (1) извршители

4. УПР0101Г04000 Помлад референт -матичар во Подрачна канцеларија за матично работење-Дебар, со завршено Вишо или средно образование (1) извршители

5. УПР0101Г01000 Самостоен референт -матичар во Месна канцеларија за матично работење-Јегуновце, Подрачно одделение за матично работењеТетово, со завршено Вишо или средно образование (2) извршители

6. УПР0101Г01000 Самостоен референт -матичар во Месна канцеларија за матично работење-Бутел и Чаир, Подрачно одделение за матично работењеСкопје, со завршено Вишо или средно образование (2) извршители

7. УПР0101Г01000 Самостоен референтматичар во Меснаканцеларијазаматично работење-Шуто Оризари, Подрачно одделение за матично работењеСкопје, со завршено Вишо или средно образование (1) извршители

8. УПР0101Г01000 Самостоен p еферентматичар во Меснаканцеларијазаматично работење-Студеничани, Подрачно одделение за матично работењеСкопје, со завршено Вишо или средно образование (2) извршители

9. УПР0101В04000 Помлад соработник во Подрачно одделение за матично работење-Куманово со завршено високо образование со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правен факултет (1)извршители

10. УПР0101В04000 Помлад соработник во Подрачно одделение за матично работење-Охрид, со завршено високо образование со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правен факултет (1) извршители

11. УПР0101В04000 Помлад соработник за план и анализа на јавни набавки, Одделение за јавни набавки, Сектор за финансиски прашања, со завршено високо образование со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки или Економски науки (1)извршители

12. УПР0101В04000 Помлад соработник буџетска координација и анализа, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања, со завршено високо образование со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки (1)извршители

13. УПР0101В04000 Помлад соработник во Подрачна канцеларија за матично работење-Кичево, со завршено високо образование со стекнати најмалку 180 кредити споредЕКТС или завршен VII/1 степен, Правен факултет (4)извршители

14. УПР0101В03000 Соработник во Подрачно одделение за матично работење-Охрид, со завршено високо образование со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правен факултет (1)извршители

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар,

Паричниот износ на основната нето плата за работните места под реден број 1, 2, 3 и 4 изнесува 13. 160 денари.

Паричниот износ на основната нето плата за работните места под реден број 5, 6, 7 и 8 изнесува 15.663 денари.

Паричниот износ на основната нето плата за работните места под реден број 9, 10, 11, 12 и 13 изнесува 20.977 денари.

Паричниот износ на основната нето плата за работното место под реден број 14 изнесува 22.490 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време за периодот заклучно со 31.12.2019 година.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Заинтересираните кандидати треба да поднесат писмо за интерес, кратка биографија, доказ за државјанство и уверение за завршено образование.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Управата за водење на матичните книги или по пошта на следнава адреса: Управа за водење на матичните книги, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54 влез 1Скопје, (со назнака „за оглас за вработување на определено време" Контакт број 02/ 3223787.

Останати Вработување