Живот

CrazyLabs - топ-3 гејминг-компанија во светот со нови ултрамодерни канцеларии во Скопје

CrazyLabs - топ-3 гејминг-компанија во светот со нови ултрамодерни канцеларии во Скопје

активен до31.12.2099
14.03.2022
Живееме во време кога индустриите на забавата ги менуваат своите улоги и со тоа го менуваат и светот, време во кое филмската индустрија се обидува да се приспособи на новите трендови, но затоа, пак, гејминг-индустријата супериорно оди напред и секојдневно отвора нови хоризонти на забавата. Предвидувањата се дека оваа индустрија до 2025 година ќе генерира повеќе од 260 милијарди долари приход.

Како е да се биде дел од оваа индустрија, најдобро знаат оние што се на самиот врв, како што е примерот со израелската компанија CrazyLabs, дел од Embracer Group, која постои од 2010 година и денеска нескромно може да се вброи во топ-3 компании во светот, специјализирани за Hyper Casual и Casual игри. До денес, тие може да се пофалат со над 5 милијарди преземања на игрите кои излегуваат од нивната „лабораторија“ и повеќе од 200 милиони активни корисници месечно.

CrazyLabs има 6 канцеларии низ целиот свет, а канцеларијата во Скопје е најголема, со повеќе од 120 вработени, бројка што секојдневно расте, а со тоа ја прави најголема гејминг-компанија кај нас.



Една од главните карактеристики на CrazyLabs како компанија е постојаниот раст и иновативност, присутна во секој сегмент од нејзиното работење, почнувајќи од односот и привилегиите на вработените, приватното здравствено осигурување за вработените, работното секојдневие, бесплатен појадок и ручек, грижата за вработените и она што е најново: новите простории на компанијата кои се на површина од над 1.500 квадратни метри. Кога ќе го почувствувате целиот простор и амбиент, со сигурност може да се каже дека ова се најмодерните работни простории кај нас, сместени во А-класа зграда со сите најсовремени услови за работа на една светска компанија како што е CrazyLabs. Ултрамодерен простор во кој посебно внимание е посветено на секој детаљ за вработените да имаат максимална опуштеност, но истовремено и продуктивност во текот на работниот ден. Новите простории на CrazyLabs се исполнети со функционален и стилски ентериер, голем број конференциски сали, но и со специјални неформални простори наменети за релаксација, спортски и тимски активности.

- Горда сум што сум дел од семејството на CrazyLabs повеќе од една деценија, поминав низ голем број позиции во компанијата, а во последните 2 години ја имам честа да менаџирам со CrazyLabs Македонија. Новата канцеларија е нов почеток за нас, работиме од дома веќе долго време и сите се среќни што полека се враќаме во нормала. Возбудени сме што ќе ја отвориме најдобрата и најмодерна канцеларија во Македонија! Работиме во креативна и booming индустрија, со најнови технологии и трендови и како компанија навистина се грижиме за потребите на нашите вработени. Така што, при проектирањето на новите канцеларии внимававме на секој мал детаљ. Како менаџер на CrazyLabs Македонија, можам да ветам дека ќе биде Crazy во нашиот нов дом - вели Даниела Мишевска-Топуков, Site Manager на CrazyLabs Македонија.



Она што е куриозитет за новите простории на CrazyLabs e тоа што со нивното свечено отворање вработените повторно, по 2 години, имаат можност да работат како тим, но и да се забавуваат додека работат бидејќи сите вработени се водат од мотото дека ако не ти е забавно тоа што го работиш, не е за тебе. Уживајќи во секојдневните бенефиции и задоволства што ги нудат новите канцеларии, тие сега несомнено ќе може активно да придонесуваат за развојот на оваа најголема гејминг-компанија кај нас, а со тоа и да ја придвижуваат светската гејминг-индустрија напред. CrazyLabs e компанија која постојано расте во секоја смисла, но пред сѐ во бројот на вработени и новите позиции кои се отвораат секојдневно.

Доколку сакате да бидете дел од тимот кој е во топ-3 гејминг-компании во светот, погледнете ги нивните моментално отворени огласи на следниот линк: https://www.crazylabs.com/careers/skopje/

Во продолжение можете да го погледнете видеото од свеченото отворање на канцеларијата:


(Комерцијална објава)

Останати Живот