Вработување

Оглас за вработување во МАКПЕТРОЛ... Отворени се 4 (четири) работни места

Оглас за вработување во МАКПЕТРОЛ... Отворени се 4 (четири) работни места

14.05.2018
Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол" А. Д. - Скопје распишува

3 (тројца) работници на определено време од 4 (четири) месеци работно место продавач II категорија на бензинска станица во Кавадарци

1 работно место пожарникар - обезбедувач во Единица за заштита од пожари и приватно обезбедување во Склад Прилеп Прилеп во Сектор за безбедност во Дирекција за големопродажба.




За вработување на 3 (тројца) работници на определено време од 4 (четири) месеци работно место продавач II категорија на бензинска станица во Кавадарци во Регион Кавадарци во Дирекција за малопродажба.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено средно образование;
Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделникдо недела.

Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 18.200 денари.

Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.

ОГЛАС
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци на работно место пожарникар - обезбедувач во Единица за заштита од пожари и приватно обезбедување во Склад Прилеп Прилеп во Сектор за безбедност во Дирекција за големопродажба.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено средно образование;
Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
Лиценца за физичко обезбедување;
Уверение за стручно оспособување за пожарникар.
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.

Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 18.200 денари.

Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.

Потребните документи да се достават на адреса:

„Макпетрол" А. Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 4 - Скопје
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146491


По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде извршено тестирање.

Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку email, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.

„МАКПЕТРОЛ" А. Д. - СКОП|Е

Останати Вработување