Фондација ЛЕОРОН доделува
СТИПЕНДИИ ЗА ПОДДРШКА НА СТУДЕНТИ ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА И РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ
запишани на државните факултети во Република Северна Македонија за академската 2023/2024 година и го објавува следниот
Фондацијата ЛЕОРОН веќе шест години активно се залага за подршка на студенти од ранливи категории, запишани на државните
универзитети во Република Северна Македонија. Наша цел е намалување на препреките, произлезени од социјалната состојба, со кои што се соочуваат младите академци и кои може да влијаат врз нивниот академски развој.
Ние веруваме дека секое дете има потенцијал да го исполни својот сон! Затоа, го даваме најдоброто од себе за да ги поттикнеме нашите
студенти преку својот академски успех да го исполнат својот сон.
Кој може да аплицира?
•
Стипендија Кујтим Јусуфи – студенти деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, студенти деца без родители и родителска грижа, студенти деца со посебни потреби, и студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се под минималната нето плата утврдена во Република Северна Македонија.
• Стипендија Кхалид Тавил – студенти од социјално ранливи категории со докажан, висок академски успех.
СТИПЕНДИИТЕ ЌЕ СЕ ДОДЕЛУВААТ ВО ПЕРИОД ОД 10 МЕСЕЦИ, ВО ИЗНОС ОД 100 ЕВРА МЕСЕЧНО.
Начин и рок на пријавување
Потребни документи за пријавување:
• Пополнување на приложениот
формулар / апликација (
формулар на албански јазик)
• Потврди за приходи
- За вработените членови на семејството да се достават потврди за остварени приходи за последниот месец пред аплицирањето на овој конкурс или потврда за последната исплатена плата (за пензионирите - испратница од пензија)
- За невработените членови на семејството да се достават потврди од АВРСМ дека се невработени и примаат/не примаат паричен надоместок, со наведување на износот на паричниот надоместок, доколку примаат.
• Мотивационо писмо
Сите документи треба да се достават најдоцна до 30.09.2023 на следната Eмаил адреса:
foundation@leoron.com
Контакт инфо:
e-mail: foundation@leoron.com
телефон: 02 3200 000
Дорунтина Рака Сума - Проект координатор
Мартина Иванова - Проект координатор
https://www.leoron.com/foundation