Вработување

Вработување во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги...Нето плата до 31.886 денари

Вработување во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги...Нето плата до 31.886 денари

14.12.2018
Врз основа на член 22 став 1 алинеја 1 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник наРепублика Македонија" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

1 За вработување во стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на следните работни места:

1. Соработник за правни работи и човечки ресурси во Одделението за административно правни работи при Секторот за правни работи, 1 (еден) извршител, на определено време за период од 1 (една) година;
II. Соработник за европски интеграции и меѓународна соработка во Одделението за меѓународна соработка при Секторот за подцршка на работата н адиректорот и на Советот, 1(еден) извршител, на определено време за период од 1 (една) година;
и
III. Возач, доставувач, во Одделението за општи работи при Секторот за информатичка поддршка и општи работи, 1 (еден) извршител, на определено време за период од 1 (една) година.

2. Покрај општите услови предвидени во Законот за работните односи, кандидатите за вработување на работните места наведени во точка 1 од оваа одлука, треба да ги исполнуваат и следните услови, и тоа:
2. 1 За работното место под реден број I. и за работното место под реден број II.
- ВСС, стекнати најмалку 1 80 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование, од областа на правото за работното место под реден број I, односно од областа на општествените науки за работното место под реден број II;
-најмалку 1 (една) година работно искуство во струката;
- активно познавање на англиски или француски или германски јазик;
- оспособеност за работа со компјутер;
- способност за работа под притисок и извршување на работни задачи со рок;
- исполнителност, самоиницијативност;
- чесност и лојалност;
- ефективна вербална и писмена комуникација;
- способност за тимска работа.

2. 2. Заработното место подреден број III.
IV или III степен средно образование;
Најмалку 1 (една) година работно искуство во струката; исполнителност, самоиницијативност;
возачка дозвола Б категорија
чесност и лојалност;
способност за тимска работа.

3. Дневно работно време: од 07:30/08:30 часот до 1 5:30/16:30 часот.

4. Неделно работно време: 40 часа.

5. Распоред на работното време: од понеделник до петок.

6. Основната нето плата за работното место под реден број I. и за работното место под реден број II. за кое се бара работник, изнесува 31.886, 00 денари, a основната нето плата за работното место под реден број III. за кое се бара работник изнесува 23. 257, 00 денари.

7. Кандидатите, кон молбата, треба да ги достават следните документи:
мотивадионо писмо;
кратка биографија (CV);
диплома за завршено високо образование или уверение за положени испити
за работното место под реден број I. и за работното место под реден број II. диплома за IV или III степен средно образование заработното место под реден број III.
уверение за државјанство;
потврда/доказ за работно искуство;
потврда/доказ за оспособеност за работа со компјутер за работното место под
реден број I. и заработното место под реден број II.
потврда/доказ за активно познавање на англиски или француски или германски јазик за работното место под реден број I. и за работното место под реден број II.

8. Потребната документација кандидатитеја доставуваат во оригинал или како копија заверена на нотар. Секој од учеснидите најавниот оглас има право да достави и друга документација за сопствено презентирање.

9. Рокот за пријавување на кандидатите трае 3 (три) работни дена сметано од денот на објавувањето.

Изборот на кандидати ќе се изврши во рок од 45 (четириесетипет) дена, по истекот на рокот за пријавување на кандидатите.

Некомплетните и ненавремено поднесени документи, како и документите кои кандидатот нема да ги достави во оригинал или како копија заверена на нотар, нема да се разгледуваат.

Документите се доставуваат на адреса на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Палата Панко Брашнаров, ул. „Македонија" бр. 38, 1000 Скопје, или во архивата на Агенцијата од 08. 00 до 16. 00 часот. Дополнителни информадии, во врска со објавениот јавен оглас, може да се добијат од следните лида: д-р Андриана Скерлев Чакар тел: 02/310341 1 и м-р Ивона Муфишева Алексовска тел: 02/3 1 0341 3.
Агенцијаза аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Останати Вработување